Пријавувањето за БИМАС 2025 е во тек

Вe известуваме дека крајниот рок за пријавување на трудовите за учество на XXII Биенале на македонската современа архитектура – БИМАС 2025 е 1-ви август 2025.

Се надеваме на голем интерес, со оглед на фактот што Биеналето е најголемата и најпопуларна манифестација од областа на архитектурата во нашата земја со години наназад.

Биеналето покрај едукативниот, има и натпреварувачки карактер. Добро е да се натпреварувате, некогаш можеби ќе следи и разочарување, но така е секогаш со натпреварите. Сепак, најважно е да се учествува.

Дајте сé од себе, бидете Вашата најдобра верзија, а останатото е работа на жири комисијата, која ќе биде составена од истакнати архитекти.

Повелете, Ве очекуваме.

Срдечен поздрав,

Управен одбор на ААМ

ПС. Сите заинтересирани колеги кои сакаат да земат учество на овогодинешниот БИМАС 2025 може да се пријават на имејл адресата на ААМ – kontakt.aam@gmail.com