Прилеп и Куманово
11.10.2024 • ХХ век / II половина
Денес го прославуваме 11 Октомври, денот на народното востание за слободна Македонија, кое започнало со првите пушки во Прилеп и Куманово. Во чест на овoj датум, значаен за македонската историја подигнати се повеќе споменици, одбележја и костурници.
Могилата на непобедените претставува меморијален комплекс во спомен паркот на Револуцијата во Прилеп. Комплексот е изграден во 1961 година во чест на загинатите борци од НОВ, според проект на архитектот Богдан Богдановиќ.
Меморијалниот комлекс е составен од два дела: Заедничка гробница-крипта и спомен урни. Во едниот дел се подигнати мермерни урни, слични на античките. Најголемата урна со симбол на вечен пламен ја претставува непокорноста на македонскиот народ.
Дознајте повеќе за Могилата >>>
Сместена северно од централното подрачје на Куманово, на патот кон Крива Паланка, се наоѓа спомен костурницата посветена на борците кои животот го дадоа во народно ослободителната војна за Македонија.
Споменичниот комплекс претставува парковски дефинирана целина позиционирана на возвишение со добра ориентација од каде се отвора панорамски поглед кон градот.
Дознајте повеќе >>>
Автор на статија: Filip Koneski
11 Октомври / Костурница / Куманово / македонска борба / Могила / Прилеп