Примена на Еко системи во современиот архитектонски простор – изложба на Факултетот за Архитектура при МИТ Универзитет – Скопје

На ден 19.06.2023 година (понеделник) во галеријата КО-РА (Дом на градежниците, Скопје) се отвори годишната изложба на студентски проекти на Факултетот за Архитектура при МИТ Универзитет – Скопје.  Изложбата се состои од 30тина проекти работени во текот на академската 2022/2023 година од областите на проектирање, урбанизам и ентериер и дизајн.

Во локациите, кои се обработуваат во изложените проекти, се создава активна природа која е од големо значење не само за локалното население во потесен контекст, туку и за градот во поширок контекст.

 

Темата на овогодинешната студентска изложба со проектите изработени од студентите на МИТ Универзитет, Факултетот за Архитектура го трансформира постоечкиот архитектонскиот простор изнаоѓајки начини за поврзување на природата со објектите и урбаните простори со цел поуспешно справување, надминување и отфрлaње на бариерите поставени од негативата реалност.

 

 

На отварањето на изложбата беа доделени неколку признанија и тоа:

  • ПРИЗНАНИЕ за најдобар дипломски труд – студент: Мухамед Мемеди, ментор: проф. д-р. Ванѓел Дуновски, за проектот Основно училипте во Гостивар
  • ПРИЗНАНИЕ за најдобар магистерски труд – студент: Стефан Мијовски, ментор: доц. м-р Дамјан Балкоски, за проектот “Имплеменатација на модуларна архитектура во современи модели на еко туристичко сместување во планински предел”
  • ПРИЗНАНИЕ за најдобар стручно-истражувачки проект – студент: Владимир Арсовски, ментор: проф. д-р. Ванѓел Дуновски, за проектот “Пренамена на напуштени индустриски капацитети во продуктивна намена без негативни влијанија врз животната средина – Фабрика Треска”