Најавена е промоцијата на книгата „Влијанието на скопскиот железнички јазол врз концептите на урбанистичките планови за Скопје 1873 – 1963“ од Проф. д-р Анета Христова-Поповска

Ве покануваме на промоција на книгата „Влијанието на скопскиот железнички јазол врз концептите на урбанистичките планови за Скопје 1873 – 1963“ од Проф. д-р Анета Христова-Поповска која ќе се одржи во холот на Транспортниот центар (I кат) во Скопје во четврток, 17 март 2022 во 19.00 часот.

Книгата ги претставува истражувањата на авторот за комплексната формативна улога на системот на железницата во модерната историја на урбаниот развој на градот Скопје содржани во магистерскиот труд одбранет на Архитектонскиот факултет при УКИМ – Скопје во 2000 година.
Промотори: Вонр. проф. д-р Слободан Велевски и Вонр. проф. д-р Мери Батакоја