Публикација Шарена Џамија – Тетово / Павлов
18.09.2022 • Литература
Наслов: „Шарена Џамија – Тетово“
Автор: м-р Зоран Павлов,
Издава: Министерство за култура на Република Македонија / Управа за заштита на културното наследство
Издавач: проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс
Уредник: Кате Антевска
Лектор: Александар Јордановски
Фотографии: м-р Зоран Павлов
Печат: Датапонс, Скопје
Година: 2016
Шарената џамија во Тетово е еден од најисклучителните Османлиски споменици во Mакедонија. Темата на нејзината архитектонска вредност ја имаме начнато во засебна објава, но денес ви претставуваме публикација која го прави тоа многу подетално.
Истражувањето е изработено во рамки на проектот на Владата на Република Македонија со наслов „Публикации за најзначајните вредности од областа на културното и природното наследство“ а е реализиран од Управата за заштита на културното наследство.
Книгата најпрво не запознава со историјата на објектот а пота прави анализа на нејзината архитектонска типологија и ги опишува сите засебни елементи: планот, фасадата, внатрешноста, минарето итн.
Најголем дел од текстот се фокусира на опис на декорациите кои се исклучително обилни и детални во овој објект. Авторот не води низ нејзините фреско-слики, толкувајќи ја нивната позадина и симболика.
Целата публикација е достапна на профилот на авторот на порталот academia.edu -> линк
Автор на статија: Ноеми Чаусидис
Градителско наследство / османлиска архитектура / отомански споменици / публикација / Тетово / шарена џамија