Работилница: “Козметички третман на велосипед”
06.09.2024 • Информации
Сакаш да го освежиш изгледот на твојот велосипед и да бидеш повидлив во сообраќајот? Оваа работилница е токму за тебе! Придружи ни се на Skopje Design Week 2024 и донеси го својот велосипед на креативен “козметички третман”! 🎨🔧
📅 Кога? Сабота, 14 септември
⏰ Време? 11:00 – 18:00 часот
📍 Локација? Public Room
🎟 Учество: Бесплатно, но задолжително пријавување на info@publicroom.org
🔗 Поврзи се со иницијативата Cycle and Recycle – https://bit.ly/cycling-and-recycling (линкот останува за facebook, а на instagram има генерирано linktree во БИО)
👥 За кого е наменета?
Работилницата е за сите велосипедисти, со нов или стар велосипед кои сакаат да го подобрат дизајнот на своите велосипеди и да ја зголемат својата безбедност во сообраќајот. 🚴♂️💡
На оваа уникатна работилница, под водство на тату артистите Ертунч Сали, Сања Симовска и Бранкица Јордановска, имаш можност да го подобриш дизајнот и видливоста на твојот велосипед. 🌟🖌
👉 Како да се пријавиш?
Испрати ни име и презиме, телефон и број на велосипеди кои ќе ги донесеш на info@publicroom.org и резервирај го своето место.
Не ја пропуштај оваа шанса за освежување на твојот велосипед! 🚴♀️💥
#SkopjeDesignWeek2024 #CycleAndRecycle #КозметичкиТретманНаВелосипед #PublicRoom #ВидливостВоСообраќајот
Автор на статија: Filip Koneski