МАРХ Разговори: од архитектурата кон дизајнот / интервју со Матеја Николиќ

 

Продолжуваме со серијалот МАРХ разговори: од архитектурата кон дизајнот  и со шестиот гостин, Матеја Николиќ. Таа професионално се занимава со графички дизајн, а во слободно време црта неверојатни илустрации, кои се подеднакво необични и возбудливи. Аксонометрии, екслодирани елементи, деконструирани композиции и дистописки структури – зарем не е лесно да ја препознаеме нејзината архитектонска позадина?

Во денешната објава го споделуваме нашиот разговор за факултетот, навиките и соништата, а истиот можете да го погледнете во видео и тексткуална форма.

 

 

 

 

  • Како дете што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш? Дали тоа се подоцна се менуваше, на пример во средно или на факултет?

Искрено не памтам што сакав да бидам како дете. Веројатно нешто со готвење или пишување/цртање. Цело време си играв со работи кои глумеа „храна“ или пишував цело време бидејки имав милион тефтери и тетратки. Имав страшна опсесија со хартија и собирав секакви парчиња и купчиња на различни листови и блокови. Подоцна интересите не ми се сменија ама ми се усмерија, и уште во осмо одделение викав дека ќе студирам архитектура.

 

 

 

 

  • Што сметаш дека е најважното нешто што го научи за време на студирањето?

Па веројатно своите граници. Архитектонски факултет е одлична војска која учи на работна дисциплина, тимска работа, работење под притисок и рокови итн. Исто така научив и за што понекогаш не вреди да се нервираш 🙂

 

  • Дали се уште имаш некои „ахритектонските навики“? Да црташ некои работи во AutoCad, да црташ со дебеломинец, да скролаш на ArchDaily, или да го анализираш секој објект околу себе?

Апсолутно! АutoCad го користам и како алатка за илустрации или дизајни кои немаат врска со архитектура, уште правам скици на рака кога работам итн. Секако и дека читам за архитектура – сега и повеќе отколку кога студирав, ми помага доста со тоа што го работам. Дури и повеќе ме интересира. А анализирањето на објекти е нешто од кое не се бега баш лесно… хахах.

 

 

 

 

  • Дали мислиш дека некогаш би се вратила на архитектонското проектирање?

Секако дека да, не ја исклучувам таа можност. Има одредени сфери во професијата во кои аппсолутно би сакала да работам, најпрво од се!

 

  • Многу од твоите илустрации претставуваат игра од елементи, нивно расчленување, разместување и комбинирање. Дали е таков и твојот дизајн поцес, спојување и прередување на делови од различни идеи и инспирации? 

И да и не. Процесот кој почнува од reasearch and references, секогаш преоѓа во концепт кој ги вклучува сите идеи кои попатно се случиле, па резултира со некаков дизајн. Понекогаш пак – зависно од темата, се случува да е доста концизна идеја која брзо добива форма, па истражувањето само попатно го дообликува дизајнот. Секако зависи, но инспирација добивам од архитектура, филмови, книги и статии, разговори со луѓе во и вон фелата, видео игри и цртани итн. Често се и залутани мисли додека возам точак.

 

 

  • Главните актери на твоите илустрации некогаш се растенија, некогаш човечки тела, а понекогаш и згради. Во кој период и како почна да ја инкорпорираш архитектурата во твоето цртање?

Па не знам дали се првично замислени како главни ликови, но да. За мене сите тие се истото, сите имаат структура, форма и свој јазик. Архитектурата почнав да ја инкорпорирам веднаш штом сфатив дека ми фали. Некогаш како директна репрезентација на некоја архитектонски елемент или објект, некогаш само како принцип кој би го употребила при проектирање а е исто адекватен и во дизајн (а повеќето се).

 

  • На сите цртежи претставуваш одредени атмосфера, каде честопати забележуваме спој на изграденото и природнот. Дали сметаш дека архитектите треба повеќе да се фокусираат на целосните амбиенти – не само изгледот на структурите туку нивните бои, декорации, градини?

Апсолутно, и од таму треба да се појде. На крајот, архитетурата е таа која треба да го долови, односно созаде амбиентот на еден прстор од било каков карактер, и тоа да го направи преку сите аспекти на дизајнот.

 

 

 

 

 

  • Често црташ структури со извиени и кривулести линии. Дали тоа е некаква критика на трендот на ортогоналните линии во архитектурата? Колку сметаш дека е важно да ги разбиеме овие правилни кубуси во кои сите моментално живееме?

Работењето со „кривата линија“ го разбирам како излегување од комфорт зоната на „правата линија’. Затоа и почнав да ја користам се повеќе при работењето. Не дека е контрирање на тренд, туку повеќе како излегување од нормативот и поставување на прашањето „и каде сега после оваа точка?“. Не мислам дека е важно да ги разбиеме кубусите како форма и да не се користат ортогонални правци при проектирањето на простор или објект, туку да го разбиеме досегашното читање на кубусот и да му дадеме можеби ново значење и употреба. Така константно би го редефинирале значењето на формата во архитетурата.

 

 

 

  • На една од твоите илустрации, гледаме класична структура со отвори од „spline“ линии, со базен на кров и голема градина во форма на извиена елипса. Дали така некако ја замислуваш и твојата куќа од соништата?

Мислам дека да. Се ова одговара со топла клима, овошки и градина… таман!

 

 

 

  • Атмосферите кои ги претставуваш понекогаш се ведри и разиграни, а понекогаш отуѓени и дистописки. Дали ова е олицотворие на твоите моментални размислувања или само пробување на различни пристапи?

Најчесто на моменталните размислувања и прашања што си ги поставувам, плус тоа што читам/гледам во моментот или ме инспирирало. Во принцип секогаш ме интересирале работи кои ако ги ставиш на една линија се на нејзините два краја, па некогаш се пронаоѓам во едната крајност, некогаш во другата.

 

 

 

 

  • Тука би ја споменала твојата последна серија „nothing unseen“ која е една интересна игра од архитектонски форми. Која беше појдовната идеја за овие цртежи?

Почна како дел од Inktober 2019, продолжи како серија на илустрации. Идејата позади nothing unseen е всушност студија на форма, тон и светло од која произлегоа илустрации од архитектонски објекти/скулптури кои во себе и немаат нешто веќе невидено, ниту се достојни за живеење или пак изводливи. Оставени се да се набљудуваат како фигури апстрахирани од контекст и значење.

 

 

 

 

 

  • Ти сега рабориш како графички дизајнер и секојдневно креираш дизајни за промотивен материјал, анимации или веб страни. Што е нешто што најмногу би сакала, а се уште си немала шанса да илустрираш?

Видео игра, hands down. Графичка новела исто така, или било што поврзано со storytelling или интеракција со гледачот/читачот.