“Reclaiming The City” – проекција на видео и изложба на фотографии
01.02.2016 • Информации
Место: Гаражите под Cafe “Pablo”
Време: 21:00 ч. / Понеделник 01.02.2016
Извор: facebook event
Автор на проектот: Илија Стефановски
Вечерва се случува настан поврзан со доживувањата на градот низ призмата на архитектот Илија Стефановски. Како што вели самиот, скејтбордингот му е првата љубов ( архитектурата доаѓа подоцна во неговиот живот ). Меѓутоа сплетот на интересите, делувањето низ градот и неговата партерна архитектура, предизвикува интерес за поинаков поглед и употреба на јавниот простор. Тоа доживување, Илија, го документира преку видео запис и фотографии кои го покажуваат урбаниот потенцијал на постземјотресно Скопје, кое го губиме од ден на ден се повеќе. Официјалната покана за настанот ја пренесуваме во целост:
По проекцијата ке имате можност да се забавувате со музиката на Martchin i b.ATL и да погледнете дел од фотографиите направени за време на снимањето на видеото.
Исто така ке имате можност да донирате за опремување на нов затворен простор за скејт, а за возврат да си понесете некоја од фотографиите или беџовите кои ке бидат изложени.“
Во една прилика, авторот го појаснува критичкиот став за односот меѓу скејтбордингот како култура и архитектурата како просторна интервенција:
„Скејтбордингот не е само критика на производите на архитектурата туку и критика на улогата на архитектот. Тој ја претставува/опишува потребата архитектурата да ги земе в предвид општествените вредности, да биде продуктивна во однос на нештата и да поттикнува активности што не се експлицитно во насока на обезбедување удобност/комодитет.
Скејтерот ја подрива подредената и комерцијална атмосфера на градот. За да има полза од архитектурата, скејтбордингот бара од архитектот да ја преиспита конвенционалната поставеност на подови, ѕидови и скалила во градот т.е повторно да ја процени важноста на просторното искуство.
Архитектурата вообичаено се критикува во писмена форма. Меѓутоа скејтбордингот е исто така форма на критика кон архитектурата комплетно различна од пишуваните критики, цртањето и теоретизирањето. Централната критика на градот лежи во партиципативното движење на телото на скејтерот низ урбаниот простор, на тој начин преку искуството издигнувајќи ја критиката над царството на пишуваниот збор.“
Ваквиот став и вклученост во контрадикторноста на градот и „скејтерското делување“ низ истиот е одличен мотив да се присуствува на настанот, проследи филмот и изложбата, кои истовремено претставуваат документација и архивирање на едно урбано Скопје, .
За крај авторот на настанот, повикува на освестување за локалната сцена и вистинска подршка:
Материјалот го приложиja и обработија : Мартин Ефремовски и Филип Конески
Автор на статија: marh