Red Ribbon – Креативна урбана интервенција
29.12.2022 • Урбана опрема
Автори: Нусејба Хамити, Фјола Саити
Red Ribbon е урбана интервенција позиционирана на влезот на поранешниот објект на Радио Тетово, кој од неодамна функционира како Социо-културен простор „Space Tetova“.
Red Ribbon е проект финансиран од Министерството за Kултура на С. Македонија, а го реализираа волонтери.
Локација
Непостоењето на вистински паркинг за велосипеди и оштетената фасада од факторот време и човек, придонесе за идејата да се создаде „Red Ribbon“, црвената лента која ќе ги обедини влезот, фасадата и паркингот.
Локацијата на која е поставена оваа интервенција се наоѓа во органскo развиенa населба. Во 2018 година, напуштената зграда беше претворена во социјален и културен центар за младите во градот. Пред главниот влез на овој објект вовлечен од улицата се формира мал јавен простор, на кој му доликува една ваква интервенција.
Интервенцијата е инспирирана од опрганската природа на околината. Таа непосредност и овозможува да се движи слободно, започнува од подот и се издигнува високо обиколувајќи го влезот и движејќи се по фасадата. Оваа непрекината лента изработена од метал создава различни функции како што се: надстрешница, место за седење, паркинг за велосипеди и жардињера.
Функциите на елементот се од полза на жителите и посетителите на Социо-културниот простор. Вистинската врска меѓу дизајнот и корисниците е дефиниран од заедничките потреби. Филозофијата зад овој проект е да се создаде впечатлив простор со визуелен идентитет од достапни и економични материјали.
Со дизајнирањето на Red Ribbon, авторите повикуваат на користење на ваквите простори и нивно претворање во јавно корисни, надевајќи се дека ќе повлечат слични интервенции во околината и градот.
Автор на статија: Filip Koneski
Red Ribbon / Креативна урбана интервенција / Нусејба Хамити / Фјола Саити