Најава за панел дискусија – „Регулирање на градењето во градски јадра прогласени за споменички целини“
02.12.2021 • Информации
Во рамки на своите активности, Комората на овластени архитекти и овластени инженери заедно со Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети – ИКОМОС Македонија организираат стручна дискусија на тема: „Регулирање на градењето во градски јадра прогласени за споменички целини“ што ќе се одржи на 10.12.2021 година, со почеток од 11:00 часот.
Дискусијата ќе има студија на случај – Старо градско јадро во Битола.
Комората во своите идни активности планира организирање на слични настани за останатите градски јадра во државата кои се прогласени за споменички целини.
Во рамки на настанот предвидена е стручна дискусија на која учество ќе земат експерти и говорници, релевантни за темата.
Настанот ќе биде пренесуван во живо
Извор >>>
Автор на статија: Filip Koneski