Реконструкција на фасадата на Технометал – Вардар
17.07.2024 • XXI век Информации

По големите реакции во јавноста за продажбата на објектот на Технометал – Вардар во центарот на Скопје, и неговата продажба на „Буши Фешн“, ги бележиме тековните активности на реконструкцијата на фасадата.
Од тоа што е видливо, многу аспекти од оригиналната идеја се задржани, во однос на проредот на прозорите, вертикалното сегментирање, фасадните плочи и материјализацијата на кровот, што е пријатно изненадување. Сепак останува да ја проследиме реконструкцијата до крај.
Од тогашните шпекулации во јавноста, новата намена на овој објект е хотелско сместување.
Кое студио работи на овој проект, сеуште не ни е познато.
Фото: Филип Конески
„Буши“ ја купи зградата на „Технометал-Вардар“ во строгиот центар на Скопје, ќе биде хотел

Автор на статија: Filip Koneski