Реотворена кралската палата во Ајга (Кутлеш)
14.01.2024 • До V век Од регионот
По 16 години реставрирање и буџет од над 20 милиони евра, кралската палата на античкото македонско кралство во Ајга крај селото Кутлеш (Вергина) се отвора денес за посетители.
Фото >>>
Таканаречениот „Македонски Партенон“ кој во големина е три пати поголем од Партенонот во Атина, е подигнат во IV век пред нашата ера, во времето на македонскиот крал Филип Втори. На ова место каде е убиен Филип, воедно е круниран Александар III Македонски за нов крал на Македонија.
Фото: АП
Палатата е композиција од еден поголем и еден помал квадратен објект врзани меѓусебно. Главниот и поголем квадрат е централно отворен со атриум ( двориште ) со колонади од столбови од обиколниот трем, околу кој се редат простории. Во основа овој простор зафаќа површина од околу 12.000 m2, каде подолгата страна од објектот е во должина од 150 метри.
3Д реконструкција: Greek Ministry of Culture and Sports
Во внатрешноста подовите се покриени со мозаици, изработени од необработен камен со заоблени форми, што е специфика за античките македонски палати.
Фото >>>
Во петокот во присуство на грчкиот премиер, Мицотакис беше презентирано реотворањето на палатата пред медиумите и политичкиот врв, додека од денес таа ќе биде отворена за сите посетители.
Фото >>>
Во непосредна близина, се наоѓаат голем број гробници и археолошки локалитети кои се поврзани со античкото македонско кралство, меѓу кои и познатите гробници, од каде беше ископан и златниот ковчег со 16 кракото сонце, кој се претпоставуваше дека припаѓа на Филип Втори.
Фото: Филип Конески 2021
Автор на статија: Filip Koneski
Ајга / Александар III / Александар Велики / Александар Македонски / Античка Македонија / Археологија / Вергина / Егејска Македонија / Кутлеш / Македонски Партенон / мозаик / Палата / Северна Грција / Филип Втори