Репортажа за Скопје од 1967 година

Facebook страната Скопје / Skopje неодамна објави видео репортажа за Скопје од 1967 година, снимено по повод денот  на неговото ослободување, 13ти Ноември.  Периодот е интересен, бидејќи градот во тие години закрепнува од земјотресот, се реставрираат и реконструираат градските белези, но и се работи на визијата на современо Скопје.

 

Кадар од репортажата / Куршумли Ан

 

Со кадри од  историските и модернистичките симболи на градот, ве следи кратката историја на градот раскажана од  страна на главниот говорник.

 

Кадар од репортажата /  Макета / Градски ѕид

 

Во вториот дел од видеото, имаме ретка можност да проследиме презентација  за развојот на центарот на Скопје, над макетите за големиот ринг, дело на тимот на Танге.

Во спомен на празникот и градот, погледнето го ова инзвонредно видео на  следниот линк  , 53 години по неговото создавање .

Честит 13ти Ноември, Скопје!  <3

 

Кадар од репортажата / тековно – објектот на ЕСМ и ЕВН