Ресенскиот Сарај

Локација: ул. 29 Ноември бр.47, Ресен

Автор/и: /

Година: 1911/12

Обновен: 1982, 2005,2021

Извори: Wikipedia, PrespaTv, Build.mk, Wikimapia, mymacedoniablog

 

Ресенски сарај — дворец во градот Ресен е еден од најпретставителните примери на објекти градени во неокласичен стил во Македонија. Изграден е во француски неоренесансен стил и се смета за еден од поважните примери на архитектурата од почетокот на XX век, во кои се присутни елементи и од другите европски историски стилови во архитектурата. Граден е во периодот од 1905 до 1909 година од еден од водачите на Младотурската револуција, Ахмед Нијази-бег.

 

Сарајот на почетокот на XX век

 

Фотографија: Barbara Vasić (http://www.barbaravasic.com/)

Нарачателот на изградбата Ахмет Нијази-бег, како студент на воена академија во Истанбул и припадник на младотурското движење, бил испратен во Ресен, каде што подоцна примил разгледница со Версајскиот дворец од свој пријател од Париз. Богатиот ресенски бег решил да изгради исто така убав објект, каде што планирал да живее. Сепак, во 1912 година во Драч тој бил убиен, пред дворецот да биде комплетно завршен.

Сарајот во тек на реконструкција во 2022
Фотографија: macedonia на build.mk

Сарајот служел како седиште на многу управи по Балканските војни. Тука била сместена српската управа, а потоа управата на Кралството Југославија. За време на двете светски војни овде се наоѓале окупаторските управи, а по ослободувањето била сместена управата на Општина Ресен. По изградбата на сопствена градба на Општината Ресен во 1980тите, биле смесметени културно-просветните организации како што се Домот на културата „Драги Тозија“ (во чии правни рамки се наоѓа Градската библиотека, Музејската збирка Ресен при Музејот на Македонија, Ресенската керамичка колонија (една од 10-те под закрила на УНЕСКО), Радио Ресен и неколку простории на невладините организации, од кои едната го носи името на Нијази-бег. Од голема важност е и постојаната поставка на доајенот на современото сликарство Кераца Висулчева. Во Сарајот се изложени 38 нејзини дела, меѓу кои и нејзиниот портрет на претседателот Киро Глигоров.

 

Домот „Драги Тозија“ се занимава со библиотечна, музичко-сценска, драмска и визуелни уметности, архитектура и дизајн. Годишно организираа по 50 културни настани, но пандемијата ги проретчи активностите. Сепак, иако нема многу настани и постетеност поради актуелната состојба објектот бара одржување, а инстутуциите имаат недостиг на кадар.

 

Страничен поглед на сарајот.

 

Сарајот при реконструкцијата почната во 2021. Фотографија: stef4o на build.mk

 

Мермерот што е вграден во Сарајот бил носен од месноста Плочине кај село Болно. Во основа Сарајот е симетрично решено средишен дел и две странични крила (источно и западно). Во вертикала Сарајот е поделен на подрумски дел, приземје, кат и поткровје.

Носивната конструкција е од носивни ѕидови Д=40-85 см. Изведени од тврд материјал – печена тула и вар како врзно средство. Меѓукатните конструкции се од челични профили исполна на тула (ходници и холови) и дрвени греди (во останатиот простор). Кровната конструкција и конструкцијата на кубињата е дрвена, но со реконструкцијата на кубињата во 1982 година дрвото е заменето со челични профили.

 

Фасадните платна на сарајот богато се обработени: посебно главната (северна). Фасадите посебно се расчленети по хоризонтала со венци и фризови, редоследно обработени, а по вертикала со пиластри кои завршуваат со капители.

На прикаченото видео можете да погледнете видео-обиколка на сарајот и неговиот контекст: