Римски домус на локалитетот Стакина Чешма / III – IV век

 

На самиот раб на Валандово се наоѓа една од најимпресивните римски вили пронајдени во Македонија. Овој доцноантички домус датира од крајот на III-ти или почетокот IV-ти век, и е уникатен по своите подни мозаици кои покриваат површина од околу 500м2.

Локалитетот се истражува уште од 70-те години, и во неколку наврати се наоѓаат се повеќе простории и се повеќе материјал за идни ископувања. Досега од оваа вила се пронајдени над 10 простории, а постои можноста дека во регионот имало и други слични објекти.

 

 

 

Локалитетот во денешниот контекст / извор: www.google.com

 

 

 

Реконструирана основа и перспектива (moжна реконструкција) на римската вила од локалитетот Стакина Чешма / извор: Д. Герсимовска, Улогата на живеалиштето во културата на живеење низ антиката во Р. Македонија, Скопје: Центар за културно наследство Каламус, 2009, стр. 147.

 

 

 

Секоја просторија има донекаде различни мозаични подови, работени во opus sectile или opus tessellatum. На неколку места доаѓа и до мешање на двата типа, а среќаваме и делови кои се целосно поплочени со мермерни плочи.

Ѕидовите исто така биле раскошно обработени, обложени со мермерни плочи или со декоративен малтер во различни бои.

 

 

 

Реконструирана основа на римската вила од локалитетот Стакина Чешма / извор: Д. Герсимовска, Улогата на живеалиштето во културата на живеење низ антиката во Р. Македонија, Скопје: Центар за културно наследство Каламус, 2009, стр. 147.

 

 

 

 

 

Дел  од подовите со мозаици / извор: веб страната на Археолошки музеј на Македонија

 

 

 

Остатоци од ѕидовите на објектот  / извор: веб страната на Археолошки музеј на Македонија

 

 

 

Дополнително на локалитетот среќаваме и мермерен имплувиум –  елипсовиден базен во влезниот атриум.  Според други примери на римски домуси, оваа соба најчесто имала отвор на кровот преку кој базенот се полнел со дождовна вода.

 

 

 

Фотографја од мермерениот имплувиум / извор: веб страната на Археолошки музеј на Македонија

 

 

 

Во иднина ќе продолжат истражувањата на овој римски домус и општо целиот локалитет Стакина Чешма. Проектот е предводен од Археолошкиот музеј на Македонија, но во него учествуваат и археолози од Институтот за старословенска култура од Прилеп и домот на културата „25 Мај“ од Валандово, а проектот за конзервација се изработува заедно со Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Струмица.

Дополнително локалитетот е документиран со 3Д модел изработен од д-р Христијан Талески од ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп. Визуализацијата е достапна на следниот линк. 

 

 

 

Фотографија од 3Д моделот на локалитетот Стакина Чешма / извор

 

 

 

„За следната година предвидено е продолжување на систематските истражувања на локалитетот, предвидени се и геофизички истражувања на поширокиот простор кои ќе бидат спроведени од страна на сертифицирани геофизичари од Археолошкиот музеј во соработка со експерти од Велика Британија. Со овие истражувања конечно ќе се добијат одговори дали на локалитетот Стакина Чешма се наоѓа голем индивидуален објект или можеби цел доцноантички центар.“

извор – умно.мк

 

 

 

Фотографија од ископувањата во 2021г. / извор: www.novamakedonija.com.mk

 

 

 

извор на насловна фотографија: лево – веб страната на Археолошки музеј на Македонија / десно – Д. Герасимовска, Антички куќи во Македонија, Скопје: Македонска цивилизација, 1996.