Саем на мебел во Скопје 20-24.03.2024

Овој период на социјалните мрежи наидуваме на најави за овогодинешниот саем за мебел. Саемот ќе се одржи од 20-24 Март, во салата на Спортскиот комплекс Борис Трајковски.

Ова е одлична шанса за клиентите, инвеститорите, архитектите како и дизајнерите на ентериери да погледнат што нудат бројните учесници на нашиот пазар.

За повеќе информации за учесниците на овој саем и агендата на истиот погледнете го нивниот Facebook профил.