САМОПРОБУДУВАЊЕ НИЗ ПОЕМО-ЦРТАЊЕ

Предавање наменето за сите архитекти и дизајнери кои сакаат да се запознаат со поемо-цртањето како педагошка метода на архитектонско и уметничко истражување.

Зошто овој настан е „must have“ за сите создавачи на уметност?

Викторија ни го прати нејзиниот прв „Скала текст“ оваа есен, од Љубљана. За нас, но и за сите наши читатели тоа беше „љубов на прв поглед“!  Викторија нѐ запозна со оваа метода, зборувајќи за образованието, за градољубието како култура и поемо-цртањето како контемплација и јазик на отпор и педагошка метода на архитектонско истражување.

Повеќе за овој текст на: https://skala.mk/ment…/samoprobuduvanje-niz-poemo-crtanje/

Со цел поблиску да ја доближиме оваа метода до сите артисти кои сакаат да достигнат еден подлабок степен на разбирање во истражувачкиот процес при создавање на нивните дела, ја поканивме Викторија на топол чај, тивка музика и убаво амбиентално осветлување во нашето студио на 50-та Дивизија, овој понеделник [27 декември], во 15:00 часот.

Ве очекуваме и вас!

__ __

АГЕНДА:
15:00 – 16:30 | Предавање: Самопробудување низ поемо-цртање
16:30 – 17:00 | Q&A сесија

Регистрирајте се за настанот на линкот:
https://forms.gle/Xd56dsFJBtkGw6Lt9

__ __

Д-р ВИКТОРИЈА БОГДАНОВА е поет и архитект, посветена на создавање и споделување на поемо-цртања (poem-drawings), како процесуални и аналитични инструменти во архитектонското и урбанистичкото истражување низ проектирање (research through design).

Нејзините дела биле изложени на CA2RE – Conference of Artistic and Architectural Research во Љубљана, Берлин, Лисабон, Гент и Трондхејм. Нејзината педагошка пракса се развива околу четиригодишното искуство како надворешен асистент на Архитектонскиот факултет во Скопје, едногодишно искуство како коментор на работилница и консултант на семинар на Архитектонскиот факултет во Љубљана и една година како независен ментор на индивидуални сесии за поемо-цртање. Заедно со Давид Сракар, е коосновач на Archi | Contemplatives, платформа за пишување, цртање и техники за mindfulness во архитектонско проектирање.

 

www.archicontemplatives.com/
www.instagram.com/vitja_bogdanova/