SD Residence/ BMA

Автори: Бесиан Мехмети, Стефан Атанасоски, Бисера Крцковска, Арменд Хебипи , Христијан Ивановски, Теута Бајрами, Тина Мијалчева, Никола Ѓурчиновски,  Насуф Небиу

Локација: Тетово

Година: 2018

Фото: Васе Аманито

SD Residence завзема компактна парцела, сместенa во рационално урбанизирана населба од доцните 70-ти години во предградието на Тетово, со панорамски погледи кон Шар Планина.

 

 

Дизајнот на објектот е воден од содржината и урбаниот контекст. Бели волумени со различни програми се поставени на тој начин да оформуваат ниши и вдлабнувања кои стануваат затворени простории или тераси.

 

 

Во јадрото на домот се наоѓаат дрвени скулпторски скали, поставени едни врз други, кои ја дефинираат оската за вертикална циркулација  и околу кои се организирани сите простори.

 

 

Таквата нивна поставеност во  приземје овозможуваат одвојување на  дневната просторија од гостинската просторија додека на првиот и вториот кат скалите ги одвојуваат родителските простории  и детските постории односно заедничкиот простор на вториот кат и сето тоа по барање на клиентот.

Основа на приземје

Влезот не е само простор за соблекување/облекување на обувките туку и место – полуоворен/затворени простор кој отвара можност за негова флексибилност и различана уталитарност  со отворен поглед  кон  градината која режира разни сценарија во секое годишно време . Некои од просториите  се отвораат кон терасите и преку кои без препрека се проширува внатрешниот простор кон надворешноста.  Другите простории имаат големи светлосни отвори кои овозможуваат природното светло да навлезе длабоко во просторите, а истовремено се постигнува чувство за приватност и изолираност.

Основа на прв кат

Подрумот содржи простории за забава и фитнес како и СПА центар сето тоа пропратено со главна техничка просторија. Приземјето главно го опфаќа јавниот домен на куќата, а горните нивоа (првиот и вториот кат) се приватните простории.

 

 

Внетрешното уредување се карактеризира со доминација  на бели ѕидни површини и темни дрвени подови. Распоредот на просторите остава доволно простор за слободна циркулација меѓу елементите од ентериерот и овозможува индивидуално толкување и користење на секој простор. Облогите и мебелот се направени од дрво се со цел да се додаде топлина во целата таа бела позадина.

 

 

Фасадната обработка е од бели композитни панели чија доминација е прекината од вдлабнатите светлосни отвори со различни димензии, поставени на различни висини и оквирени за да ги доловат подобро погледите кон околните планини. Дрвените површини околу прозорците воведуваат топол контраст и ја прекинуваат униформноста и хомогената фасада.

 

 

Севкупно, SD Residence нуди средина која истовремено е простор за прослава на многуте достигнувања на клиентот и топол и едноставен простор за физичко и ментално релаксирање со семејството и пријателите.