Се БУШИ во Старата скопска чаршија!
29.09.2021 • Информации Став
По кој знае кој пат алармираме за случувањата во Старата скопска чаршија. Невиден молк на политичката и локалната сцена како по никое друго прашање во Скопје. Очигледно постои некоја власт во позадина до која ни една институција не може, т.е не сака да допре.
Во нашето сандаче пристигнаа фотографии од загрижен читател кој сакаше да остане анонимен.
Погледите и визурите во амбиенталните целини се исклучително важни за доживувањето на просторот и ориентацијата. Една од главните доминанти над чаршијата – Мустафа Пашината Џамија, полека исчезнува од видикот со новите интервенции на и онака сомнителниот објект во нејзиното подножје.
Во чаршијата изминатите години се гради интензивно, додека сите молчат! Повикавме, пишувавме, инициравме но не вроди со плод. Затоа притисокот од јавноста и медиумите мора да се зголеми, додека кандидатите за градоначалници на Скопје и општините Центар и Чаир, мора да се произнесат по ова прашање.
Меѓувремено политичките елити и дипломатските кругови се гоштеваат во објектот, чие име нема потреба да се спомне, сите го знаете!
Автор на статија: marh
Деградирање културно наследство / стара скопска чаршија / Узурпација