Се отвори Cevahir Mall во Скопје, на чија фасада е нацртан најголемиот мурал во Македонија
06.04.2024 • XXI век Информации Уметност
Деновиве во Скопје се отвори Трговскиот центар Џевахир како дел од комплексот кој ги опфаќа и четирите облакодери, едни од највисоките кули во регионот.
Неговото отворање беше поместувано повеќе пати низ годиниве, но и по официјалното пуштање во употреба може да констатираме дека сеуште 80% од локалите се невселени.
Проектиран надолжно се развива средишно комуникацискиот коридор по хоризонтала и вертикала, отворајќи галерии над кои се развиваат стаклени кровни прозори од кои се овозможува поглед кон височините на 42 катните кули.
Она кое е белег на овој Трговски Центар е неговата фасада, на која е насликан најголемиот мурал во Македонија. Автор на дизајнот е Лара Маринковиќ.
Инспирацијата за истиот е во апстрактинот приказ на сегменти поврзани со македонската култура. Муралот опфаќа 4100 m2, за него се употребени околу 1900 литри боја додека неговата реализација е работа на 5 член тим.
Приказната за создавањето на муралот погледнете ја во видеото:
Автор на статија: Filip Koneski
Лара Маринковиќ / Најголем мурал во Македонија / Трговски центар / Џевахир