Sequence apartment / BINA

Локација:  Скопје

Површина: 85 m2

Година на изведба: 2022

Студио: BINA [bureau of inventive architecture]

Проектанти: Бекир Адеми, Амине Адеми

Веб страна: www.bina.mk

Фотографии: Васе Аманито

 

 

“Sequence apartment” претставува составен дел од модернистички станбен објект од 50-тите години на XX век, лоциран во централното градско подрачје на Скопје. Објектот е волуменски незабележлив, морфолошки динамичен додека во материјалните особености претставува репродуктивен извор на инспирација кога е во прашање развивање на нов концепт и живот во истиот.

 

 

Фактот што структуралната конфигурација на предметната станбена единица и објектот како целина претставуваат чувствителна тема, со оглед на нејзината старост, особено кога е во прашање реновирање и програмска дистрибуција на внатрешните простори, преку внимателно користење на микро структурални техники и методи, се избегнаа сите интервенции кои би значеле адаптација и кои би влијаеле во долгогодишното фунционирање и дишење на постоечката структура.

 

 

На овој начин се создадоа услови за суштинска комуникација со фундаменталните карактеристики на станот и нејзините составни елементи како што се ѕидовите, столбовите, гредите, подовите, плафонот, терасата и слично кои налагаа исклучиво едноставни допири кои понатаму ќе вродат реминисценција на убави спомени – сето тоа во современи манири.

 

 

Континуираната соработка со сопственикот на станот во текот на реализацијата на овој проект, режисер со светска слава кој преку Филмот обработува еколошки теми, како што се: климатските промени, загуба на биоразновидност и експлоатација на природните ресурси, во микро план вроди ново чувство на морална одговорност, нов пристап, нова секвенца на живеење и работа , каде што инспиративниот простор ке продолжи да генерира нови соништа и успеси.