Македонска АРХитектура
25.02.2019 • Информации
Фотографии: Борис Јурмовски
На 19 февруари во Македонска Филхармонија присуствувавме на овогодинешниот SHARE Skopje 2019 (II Edition). SHARE Forum претставува платформа за промоција и обединување на архитекти, урбанисти, дизајнери, инженери, агенции за продажба на имот и компании со иновативни решенија во полето на градежништвото и архитектурата. Секоја година обединува гости од различни земји во Европа кои ги споделуваат нивните искуства и знаења.
Настанот официјално беше отворен од Мартин Пановски како претседател на ААМ, Florin Mindrigiu како претседател на PRO EVENT Association и основач на ABplus Events. Асоцијација на архитекти на Македонија (ААМ), PRO EVENT Association и ABplus Events беа главните организатори на овогодинешниот настан. На отварањето се обратија и Мишко Ралев – декан на UACS, Blerta Vula – извршен директор на асоција на архитекти на Косово, Tomaž Krištof – претседател на комора за архитектура и просторно планирање на Словенија, Esra Aydinoglu и Rudolf Staricky.
Овогодинешното издание на настанот во себе вклучи три панел дискусии на темите:
Во првиот дел (Skopje Tomorrow – Large Scale Projects) беа презентирани проектите за Skopje East Gate на локација на поранешниот Скопски саем и проектот Diamond Limak кај Стара железничка станица. Овие два проекти најмногу нè засегаат нас и во јавноста се здобија со многу критики и контроверзности. Од крајот на 80тите години немало вакви големи проекти каде што комплетно се обмислува градското живеење и менува сосема нов дискурс. За проектот Skopje East Gate беа презентирани главно 3Д прикази, шеми на планираните објекти и истакнати беа економските аспекти. На прашања од публиката како Skopje East Gate ќе го надокнади отсуството на Скопскиот саем кој што е дел од меморијата на Скопје и вредноста на архитектурата во овој град, Игор Давков одговори дека за саемот, архитектурата, вредностите, меморијата не би требало да се дискутира во моментот и дека тој го презентира проектот повеќе и од економски аспект кој што го наведе како исто така важен фактор за развој на градот. Со што на крај додаде дека проектот има за цел да го оживее тој дел на градот и да направи некакво поврзување помеѓу чаршијата и другиот дел на Скопје вклучувајќи најразлични функции во целиот комплекс. „Нашата цел е да направиме нов изглед, нов модерен објект и да придонесеме кон социо-економскиот развој на градот“ вели Игор Давков. Тој наведе дека првата фаза од проектот треба да биде завршена до крајот на 2020 година.
Архитектот и дизајнер на светла Mark Sutton Vane од Велика Британија зборуваше за важноста на светлината за архитектурата и нејзината правилна перцепција, презентирајќи ги неговите проекти. Тука зема збор и Denis Biškup од Zumtobel Group.
На пленарната сесија под насловот Architecture & Facades, архитектот Бујар Муча од Megaron Engeenering Studio го презентираше проектот за реконструкција и адаптација на денешен Албански театар, а некогашен Театар на народности од архитект Вера Ќосева. „Бевме свдоци последниве години на дрскоста на наши колеги да посегнат по фасади архитектонско, историско наследство и за кои што ние бевме емотивно врзани“ истакна Бујар Муча. Тој го изрази задоволството за можноста да се работи на таков објект, тежнеејќи да се зачува вредноста на истиот и соодветно да се надоврзе на неговата приказна.
Потоа говореа архитектите Мартин Христов од Бугарија за неговите проекти во Варна, Виктор Керчев и Керем Јазган за новите технологии во дизајнот на фасадите преку нивните иновативни проекти. Архитектот Бекир Адеми од бирото BINA ги претстави нивните реализации и награди од домашни и меѓународни конкурси.
Во овој дел на Architecture & Facades говореше и еден од главните проектанти во холандското биро MVRDV кое е познато по своите светски проекти. Архитект Hui Hsin Liao ги презентираше проектите за „Taipei Twin Towers“ и „Tianjin Binhai Library“, „Superwalk“, плоштадот за Тајпеј и Културен центар со светлечки аудиториум и каскади. Ги изнесе нивните искуства при целокупниот процес од проектирање, преку изведба, па се до денешното функционирање на објектите.
Во делот на Special Guest Lecture како главен гостин говореше архитектот Fernando Menis од Шпанија кој дипломирам на Институтот за архитектура во Барселона и е основач на проектантското биро Menis Architects во Мадрид и Тенерифе. Говореше за неговите искуства при креирање на еден проект, од идеја преку работни модели, па се до изведени проекти. Тука зема збор и архитектот Tomaž Krištof од Словенија.
Како почесен гостин на Share Skopje 2019 беше нашиот архитект и урбанист Мимоза Несторова Томиќ која има особено значаен придонес во обновата и создавањето на архитектурата после земјотресот во 1963 година. Имавме голема чест да ја слушнеме како говори за нејзините извонредни реализации кои слободно можеме да кажеме дека го дефинираат Скопје како еден град. „Градоградителството е процес, а архитектурата е негов претставник“ вели архитект Мимоза Несторова Томиќ. Од Share Skopje 2019 ја доби наградата Opera Omnia Certificte за нејзината работа и улога во проекти кои се и од меѓународно значење.
Повеќе од атмосферата на настанот >>>
Автор на статија: Martina Shteriova
SHAREArchitects / SHARESkopje2019
10.10.2022 • Информации
Меѓународното Здружение на граѓани Културно Ехо Скопје, ќе реализира културно-едукативен настан во КСП...
19.03.2023 • Информации
На 13 март 2023 година во Службен весник на РСМ...
15.09.2016 • Информации
Деновиве сеизмичката активност на скопскиот регион, предизвика оштетувања на некои...