Фестивал “Шпањола 018” – повик за учество
29.03.2018 • Информации
Фестивалот “Шпањола 018”, веќе трета година по ред се бори во процесот на одржување на тврдината Шпањола во Херцег Нови. Станува збор за фестивал на културата, уметноста и на нови идеаи и креативности. За таа цел “Шпањола 018” објавува јавен оглас за уметници, за нивно учество во програмата “Artist in Residence”, која има за цел да даде нова намена на ова издание.
Тимот “Шпањола” неуморно продолжува со ревитализација на тврдината, а како производ на овој труд се создаваат разни програми, акции и фестивалски содржини. Овогодишната програма за активација на тврдината е поделен на два дела:
‐Artist in residence;
‐ 4 Circle.
Повикот за учество се однесува на првиот дел ‐ “Artist in Residence”, а има за цел да собере повеќе уметници од Регионот, кои за време на престојот во еко кампот во самата тврдина, ќе бидат инволвирани во богато осмислена програма која се состои од предавања, посета и истражувања на градот и околината, како и во оформување на работни тимови. За време на оваа програма, самите учесници преку интервенција и сопствена експресија ќе придонесат Шпањола заслужено да го добие називот Резиденција на уметностите во Херцег Нови за 2018 година.
Ги повикуваме сите афирмирани и неафирмирани уметници од Црна Гора и Регионот да се пријават и да станат потенцијални реализатори на финалниот изглед на Шпањола. Во текот на седумдневниот престој во еко кампот, од 19.05. до 26.05.2018 година, учесниците ќе имаат прилика да посетат делови на градот и поблиското опкружување, да се запознаат со одржливите начини на изградба и еколошки пристапи, како и со системот на изградба на тврдини карактеристични за Бока Которска. Во текот на овие седум дена, учесниците ќе го осмислат концептот на своето уметничко изразување, најпрво користејќи го пристапот до ефемерна архитектура и просторни инсталации.
Тема на програма за активација е “Објект”/ “Object”.
По завршувањето на програмата, учесниците треба да припремат детален план и буџет за реализација, со цел предвидените решенија да може да се изведат во периодот од 23.06 до 30.06.2018 година, кога групата повторно ќе учествува во самата изведба на истите. Заинтересираните учесници потребно е да го испратат следното:‐ 3‐5 проекти во сопствен манир, пожелно е да се поврзани со активација на напуштени објекти и/или објекти од културно наследство;
‐ Мотивационо писмо до 500 карактери;
‐ Кратка биографија со лични податоци.
Пријавите треба да бидат исклучиво во JPG и/или PDF формат, најкасно до 06 Април 2018 година, на e‐mail адресата lily@sinergija.me , со наслов ARTIST IN RESIDENCE (било кој друг наслов нема да биде прифатен)
Тимот на “Шпањола” ќе избере 10 учесници. Селекцијата ќе биде завршена до 13.04.2018година, со што избраните кандидати ќе бидат контактирани преку e‐mail , со детален план за пристигнување на тврдината како и со план на програмата.
ОДГОВОРНОСТИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ
Тимот на “Шпањола” обезбедува:
‐сместување во еко кампот на тврдината во текот на времетраењето на овој проект и покасно
за време на самата реализација во Јуни месец (камп, кујна, тоалети, тушеви);
‐факултатвини излети, посети и оброци;
‐презентаци и и предавања на разни теми поврзани со темата “Object” и програмата “Artist inResidence”
‐потребен материјал за креација како и за изведба на решенијата.
ОДГОВОРНОСТИ НА УЧЕСНИЦИТЕ
По изборот учесниците треба да :
‐Обезбедат средства за превоз до Херцег Нови и назад;
‐По можност да донесат сопствена камп опрема;
‐Учесниците треба да платат симболична партиципација во износ од 100 евра.
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ
За досегашните реализирани програми за активација на тврдината Шпањола може да се
информирате на нашата FB страна:
https://www.facebook.com/spanjola.fest/
Како и преку видеото од минатогодишната програма:
Автор на статија: Filip Koneski