Скопје во Brutal East Vol.2

ЖУПАГРАФИКА  е графичко студио со седиште во Познан,  основано од страна на Давид Наваро (креативен уредник, дизајнер, фотограф) и Мартина Собецка (уредник, писател) во текот на 2012тата година.

Давид и Мартина започнуваат со архивирање на материјал  преку истражување, фотографирање и документирање на брутализмот и модерната како правци во архитектурата, притоа издвојувајќи значајни примери и објекти во одреден географски регион. Собраниот материјал го преточуваат во публикации, во кои објектите се прикажани со контекстот во кој се наоѓаат, нивната моментална состојба преку фотографии како визуелен документ,  како и  информации за објектите и нивните автори.

 

 

Она што ги издвојува во креативноста  е степенот на интерактивност во издаваштвото кое ве анимира преку можноста за изработка на минијатурни макети.  Паралелата на идејата се моделите кои ги изработувавме во текот на основното образование по предметот ОТП, овозможувајќи читателот да создаде личен модел во помал размер.

Сентименталниот приод  и квалитетот на изданијата им донесе наградии, загарантирано внимание и следбеници на светска сцена, особено помеѓу ентузијасти-вљубеници на брутализмот и модернизмот.

 

 

Но како овие дечки се важни за нас и нашата сцена? 😀

Во последното издание Brutal East Vol.2  кое го објавија пред неколку дена,  обработени  се објекти од повеќе локации меѓу кои е и Скопје.  Други градови кои се вклучени се Москва, Тбилиси, Киев, Бузлуџа, Берлин, Будимпешта, Минск и Домбај.  Скопје е вклучено  преку фотографиите и соработката со нашиот фотограф БорисЈурмовски, кој беше задолжен за претставување на Студентскиот дом „Гоце Делчев“ дело на архитектот Георги Константиновски.

 

 

 

Се надеваме дека оваа соработка е само почеток во една поголема промоција на Скопје пред пошироката светска јавност преку слични проекти со интернационална публика.

 

За заинтересираните  –  изданијата и целосните информации  на ZUPAGRAFIKA  можете да ги најдете на следниот линк >>>