Скопскиот аквадукт / фотогалерија
31.10.2023 • VI-XV век Фотографија
Фотографии: Филип Конески
Година: 2019
Скопскиот аквадукт се наоѓа на неколку километри од центарот на градот. Сместен e во „депонија“ од негрижа во непосредноста на Касарната „Илинден“ и во распаѓање го чека сопственото реоткривање.
За неговото настанување се спомнуваат два периоди, кои се совпаѓаат и со дилемите за Камениот мост во Скопје. Едната теорија вели дека аквадуктот е подигнат во VI век во време на Јустинијан I, додека второто тврдење е дека станува збор за отоманска градба.
Според личното гледиште, во отоманскиот период се случува возможна обнова и реконструкција на овие тогаш веќе постоечки објекти, бидејќи Скопје претставува вистинска метропола за тие времиња со векови наназад. Таков град од неговиот ранг е нелогично својата основна потреба од питка вода да ја решава 10 векови по обновата и преместувањето на Скопје ( од Скупи кон Кале) по кастрафалниот земјотрес од 518 година.
Во денешната објава ви носиме фотогалерија, но доколку сакате да прочитате повеќе на оваа тема погледнете го написот од нашата архива тука >>>
Автор на статија: Filip Koneski