Сојуз на слепи лица – Скопје /фотогалерија/
01.05.2021 • ХХ век / II половина
Локација: ул. “Костурски Херои” населба Центар, Скопје
Автор: Прохирија Хаџи Костова-Пешиќ
Година: 1971
Фото / 2021/ : Борис Јурмовски
Објектот “Сојуз на слепи лица” е сочинет од резиденцијален дел од 12 станбени единици, постории од социјален карактер, простории за друштвени активности, библиотека, звучна библиотека и деловни простории.
Овој станбено-деловен објект е еден од скриените суптилни и ненападни богатства на Скопје, значајни по своето присуство во градското станбено ткиво и константен магнет за погледот на непосредните минувачи.
Автор на статија: Boris Jurmovski