„Создаваме град, градиме иднина“

Место: Кинотека на Македонија

Дата: 18.09.2022

Време: 20 часот

 

Проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ има за цел да ја зголеми транспарентноста и партиципативноста во процесот на урбанистичкото планирање на градот, преку серија јавни настани од мултимедијален карактер, чија основна цел е да поттикнат критичко размислување и да иницираат вклучување на локалната заедница во процесот на планирањето на просторот.

Тема на проектот е новиот генералeн урбанистички план за Скопје (ГУП за период од 2023 до 2032 година) кој е најважниот документ за планирањето на иднината на градот. Во рамки на проектот ќе бидат реализирани 3 настани во 3 општини во Скопје.

Содржина на настаните :

  1. Проекција на интерактивен документарен филм кој ќе обработува повеќе локации од важечкиот ГУП (од 2012 до 2022 година) што веќе се предмет на дебата во јавниот дискурс.
  2. Работилница на тема: Што претставува ГУП и зашто е важен? Инволвирање на граѓаните и интеракција за нови идеи и предлози во насока на планирањето на градот.
  3. Дебата на тема „Нов ГУП, нова можност за Скопје?“

Проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ го реализира Меѓународно здружение на граѓани Културно Ехо-Скопје во соработка со здружението Ситископ -Скопје во рамки на проектот „Места на дарежливост – трансформативни станици“ на КСП Центар Јадро, со финансиска поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија.

Поради ограничениот број на присутни за перформансот и работилницата потребно е вашето присуство да го најавите на емаил адресата: culturalechoes@gmail.com

 

Извор >>>

Автор на статија:

/