Спортско качувачки центар/ Параметар
04.10.2023 • XXI век Ентериер и мебел
Автори: Методи Хаџи Андов, Димитар Стефановски, Сашо Андријевски, Игор Сугарчев, Љубен Трајаноски
Студио: Параметар
Година на проектирање : 2020
Локација: Штип
Спортско качувачкиот центар „Астибо“ лоциран во дворот на Универзитетот Гоце Делчев – Факултет за Музичка уметност во Штип, се карактеризира со интегрирање на нов просторен модел во постоечка градска силуета која обединува едукативни центри од различен карактер со типски традиционални станбени куќи.
Ситуација
На база на јасна геометриска и функционална аналогија, од природното кон артифициелното, се генерира динамично завиткување, диплење на единствена геометриска обвивка, која сама по себе јасно укажува на функцијата на објектот, како од внатре така и од надвор.
Анализи
Идејата е намената на објектот да се интегрира во склоп на едукативните содржини во непосредна околина како нов спортско рекреативен центар, поставен како атрактор во самиот двор на Универзитетот.
Поради потребата за поголема и различна висина за качување, силуетата, обвивката на објектот се истакнува во околниот контекст, со прекршена и неправилена геометрија која асоцира на артифициелна карпа.
Програмски, објектот се карактеризира со јасна намена – качување на артифициелни карпи, со придружни содржини и технички простории како : Кафе бар, соблекувални и тоалети.
Кон улицата, објектот е со прилично затворена фасада. На делот кај што се наоѓаат скалите за пристап кон дворот на училиштето, со постапка на одземање на дел од волуменот и прекршување на геометријата се потенцира постоечкиот пристап.
Добиениот просторен модел е резултат на обедивуање и единство на структуралната геометрија (тело) и намената, функцијата во една нова тектонска „издлабена“ обвивка.
Автор на статија: Filip Koneski
Димитар Стефановски / Игор Сугарчев / Љубен Трајаноски / Методи Хаџи Андов / Параметар / Сашо Андријевски / штип