Станбено Деловен Комплекс “Скопјанка” /фотогалерија/
22.11.2022 • Фотографија ХХ век / II половина
Автор: Благоја Мицевски
Година на изведба : 1988
Локација: бул. Кузман Јосифовски Питу бр.17, Скопје
Фотографии: Борис Јурмовски /2022/
Станбено деловниот комплекс „Скопјанка“ е сместен надолжно помеѓу бул.„Кузман Јосифовски Питу“ и улицата „Бојмија“. Се карактеризира со игра на поместување на ламелите во длабочина со цел да се разбие монолитноста на потегот. Неговиот визуелен идентитет се карактеризира со фасадната жолта гитер тула, темниот лим во обликовен мансард ефект во делот на кровот и бетонските балконски елементи.
Во приземната зона и мезанинот се развива трговско – деловниот простор кој во средиштето на комплексот се развива во трговски центар со што се разбиваат станбените ламели.
Скопјанка е реперна точка во овој дел од градот и препознатлив маркер во просторот.
Автор на статија: Boris Jurmovski
Благоја Мицевски – Бајо / Скопјанка / Скопје / Станбено деловен комплекс / Трговски центар