Станко Буторац / 1932 – 2020

Станко Буторац (1932), македонски архитект и проектант на значајни објекти во Битола. Неговиот творечки опус зафаќа остварувања во сите фази на современата архитектура на втората половина на 20-тиот век. Посебно карактеристично за неговото творештво е тоа што претставува еден од најреализираните автори проектанти во Република Македонија со реализирани објекти како деловни објекти, училишта, станбени згради и др.

Роден во Битола во 1932 година. Неговата едукација започнала во Француската школа на Чесните сестри во Битола и гимназијата Ј.Б.Тито, каде завршил полуматура, за потоа во средно техничко училиште “Здравко Цветковски” во Скопје, насока Архитектура. Како Архитектонски техничар работел во Г.П. Бетон на регулација на Црна Река, и изградба на фабриката “Фрижидери” во Битола.

 

Деловен објект Нова Битола, 1987 г.
ЕМУЦ Ѓорѓи Наумов, 1986 г.

 

На Техничкиот факултет, Архитектонски отсек во Скопје дипломирал во 1963 година, на тема “Планинарски хотел на Пелистер” кај професор Борис Чипан. Последните две години од студиите бил демонстратор на катедрата Градежни конструкции кај професор Љубомир Томиќ. По дипломирањето се вработил во Проектанското биро “Нова градба”, во Битола кое во 1974 година се интегрира со “Заводот за урбанизам и стаж проектирање” и тука работел сѐ до денот на своето пензионирање, во 1997 година.

 

Колективна станбена зграда на Партизанска
Колективна зграда Нова Битола
Комплекс Мирка Гинова, 1990 г.

 

Во текот на својот работен опус остварил голем број студиски посети на повеке земји во Европа, работни посети во поголемите проектантски куќи во Белград, Загреб, Љубљана, Сараево и др., каде разменувале искуства и истите ги применувал во нашата средина. Во последните години се занимавал со анализирање на тековните трендови во Архитектурата во Република Македонија, а посебно во Битола.

 

Макошпед, 1996 г.

 

Негови најпознати реализирани објекти се:

  • Населба Стрелиште
  • Пелагонка 1, 1991 г.
  • Објект на Завод за урбанизам и проектирање, 1987 г.
  • Комплекс Мирка Гинова, 1990 г.
  • Колективна зграда Нова Битола
  • Деловен објект Нова Битола, 1987 г.
  • Станбено-деловен објект на ул. Едвард Кардељ, 1989 г.
  • Колективна станбена зграда на Партизанска
  • Станбено-деловен комплекс Кланица
  • Стоковна куќа Јавор, 1975 г.
  • Пелагонка 2, 1997 г.
  • Основен суд, 1970 г.
  • ОУ Климент Охридски, 1988 г.
  • ЕМУЦ Ѓорѓи Наумов, 1986 г.
  • Стопанска банка – Битола, 1976 г.
  • ОУ Елпида Караманди, 1984 г.
  • Царинско-шпедитерскиот терминал во
    Битола „Макошпед“, 1996 г.
  • Станбени згради на ЈНА, 1983 г.

Се занимавал и со проектирање на индустриски објекти во родниот град, од кои позначајни се: индустрискиот комплекс „Металец“ во Битола, „Ферм завод“ за монополот во Битола и дистрибутивниот центар на „Јавор“ во Битола, производната хала „Битолатекс” во Битола, земјоделски објект во склоп на ЗК „Пелагонија” Битола, населба „Стрежево” с. Нижо поле, Битола. Покрај овие објекти се занимава и со проектирање на доградби, надградби, реконструкции и повеќе индивидуални семејни куќи.

Добитник е на повеќе општествени признанија и тоа: номинација за Ноемвриската награда на Битола, за Стоковната куќа „Јавор“ во Битола (1975), номинација за Ноемвриската награда на Битола, за осумгодишното училиште „Св. Климент Охридски“ во Битола (1988) и номинација за Ноемвриската награда на Битола, за Царинско-шпедитерскиот терминал во Битола (1996).

 

Населба Стрелиште
Населба Стрелиште
Објект на Завод за урбанизам и проектирање, 1987 г.
Основен суд, 1970 г.
ОУ Елпида Караманди, 1984 г.
ОУ Климент Охридски, 1988 г.
Пелагонка 1, 1991 г.
Пелагонка 2, 1997 г.
Пелагонка 2, 1997 г.
Станбени згради на ЈНА
Станбено-деловен комплекс Кланица
Станбено-деловен комплекс Кланица
Станбено-деловен објект на ул. Едвард Кардељ, 1989 г.
Стоковна куќа Јавор, 1975 г.
Стопанска банка – Битола, 1976 г.

 

Користени извори:

https://babambitola.mk/

 http://nuub.hopto.org/