Стоковна куќа “Југопромет” – Струмица / Лаловиќ
22.05.2019 • Истражување Урбанизам ХХ век / II половина
Година на проектирање: 1977
Година на изведба: 1978 -1979
Проектантска куќа: Градежно претпријатие "Бетон" Скопје
Архитект: Радомир Лаловиќ
Соработници: Арх. инж. В. Тодоровски, Тех. Н. Стојаноска
Локација: Струмица
Стоковната куќа “Jугопромет” дел од комплексот објекти во строгиот центар на Струмица дела на реномираниот архитект Радомир Лаловиќ преставуваат икони на доцната модерна архитектура и урбанистичкиот развој на градот.
За жал денеска сме сведоци на губење на автентичноста и на уште еден маркантен објект од модерната архитектурата во Македонија во духот на “разубавување” на фасадата и реадаптација на нивната функција, без да се земат во предвид вредностите кои објектот ги има и промените кои водат на целосниот изглед, вредност и автентичност на истиот.
Стоковната куќа денеска (2019) © МАРХ
Стоковната куќа “Jугопромет” Објектот на СОК (служба за општествено книговодство), и Стопанска банка се лоцирани во строгиот центар на Струмица.
Урбанистичкото решение за уредување на градското централно подрачје на Струмица е изработено од архитектот Радомир Лаловиќ, кој подоцна врз основа на урбанистичкиот проект ги проектира СОК, стоковната куќа и Стопанска банка. Архитектот Лаловиќ го наведува комплексот помеѓу најдрагите “бидејќи централни подрачја на градовите создадоа своевидни артикулации на градските јадра кои овие градови ги чинат препознатливи”.
Комплексот на објекти во Струмица се симбиоза и умешност на урбанистичкото и архитектонското проектирање во развојот на македонските градови и се јасна икона за градот Струмица.
Привичното решение за комплексот предвидувало изведување на четири објекти во комплексот од кои денеска се изведени само три.
Повеќе за објектот на “СОК” можете да прочитајте на следниов линк: Служба за општествено книговодство (СОК) филијала – Струмица
Поглед кон комплексот © С. Гунчев / ФБ, Стара Струмица
Архитектурата на стоковната куќа јасно пред сѐ, преку формалното обликување, нејзината материјалност и архитектура го завзема нејзиното место во комплексот. Архитектот ги користи истите естетски елементи и јазик на обликување како и останатите каде функцијата е јасно потенцирана, но стоковната куќа Југопромет добива еден вид на друг третман на фасадата каде нејзината јавна функција е јасно изразена.
Несомено, не треба да се изостави фактот дека во текот на проектирањето, четвртиот и главен објект на комплексот е уште предвиден, објект кој ако би бил изграден би го завземал просторот пред стоковната куќа.
План на целосниот комплекс © Архив на Град Струмица
Функционалистичли објектот е поделен на три нивоа и шест меѓунивоа во задниот северен дел од волуменот. Првите три нивоа се наменети за комерцијална функција додека меѓу-нивоата служат како придружни простории за администрацијата и вработените. Како и останатите стоковни куќи градени во тој период, намерата е објектот да биде репрезентативен и привлечен од надвор и од внатре. Идеологијата на комерцијалните трговски ланци на територијата на Југославија е од потреба на голем простор каде ќе бидат изложени голем број на продажни линии од сеопфатни аспекти, како мебел, облека апарати за домаќинство и друго. Ова придонесува до отвореноста на целиот комерцијален простор. Поврзувањето на нивоата е овозможено само со еден ескалатор и скали кои се наоѓаат во задниот дел на просторит. Ова решение на комуникациите е произлезено од пристапот каде купувачот движејќи се кон крајот за користење на комуникациското јадро е изложен на целиот спектар на производи кои стоковната куќа ги нуди.
Основа на приземје © UACS | Факултет за архитектура и дизајн
Основа на прв кат © UACS | Факултет за архитектура и дизајн
Висината на нивоата од преку 4 метри и самата отвореност допринесува кон пријатноста на просторот. Освен приземјето кое е целосно отворено со стаклени површини, останатите две нивоа се целосно затворени за максимална искористеност и функционалност на просторот. Поставуваќи ја стоковната куќа во задниот дел на комплексот исто така води до овој начин на обликување.
Подолжен пресек © UACS | Факултет за архитектура и дизајн
Како одгвовор на големата висина на продажниот простор, во задниот север дел од објектот архитектот сместува шест нивоа за потребите на администрацијата и вработените како, локали за персонал, кујна, тоалети итн. Овој волумен е јасно видлив и во третирањето на фасадата. Економскиот влез и достава на објектот се врши преку подрумскто ниво кое се простира вон волуменот на објектот на приземниот кат.
Северна фасада © Викторија Иванова
За фасадната обработка се користени само два материјали, бел мермер и фасадни панели Белиот мемер како и во останатиот дел од комплексот е со две различни обработки, исто како травентинот за обработката на останатиот дел од комплексот. На овој начин и користење на истите материјали низ целиот комплекс Лаловиќ ја постигнува унифицираноста на комплексот. Приземјето е целосно отворено обложено со стаклени површини каде третото ниво е целосно затворено обложено со бел мермер како спротивноста на приземјето. Меѓу-нивото се затворено со вовлечени фасадни панели поставени на метална под конструкција. Објектот денеска сеуште се наоѓа во добра состојба но со забележливи оштетувања на фасадната обработка.
Фасадна обработка © Викторија Иванова
Мултифункционалноста и одличната локација на објектот во центарот на Струмица ќе придонесат за контиунирана окупација и употреба на просторот. Но самиот објект и неговата архитектура ќе ја доживее истата судбина како и скоро сите слични објекти низ Македонија, со замена на отворениот концепт на стоковни куќи, до мали нови помали бизниси кои имаат друго барање од самиот објект. Денеска целиот простор на објектот е целосно поделен на помали ниши во кои има посебни продавачи, додека приземјето е целосно оделено од останатиот дел на стоковната куќа. Оргиналниот дух и модерноста на архитектурата е дополнително изгубена со додавањето на огромните рекамни паноа кои го менуваат целосниот изглед на објектот. Нажалост симбиозата и концептот на архитектурата е изгубен со неперцепцијата на објектот како единство, како и губењето на врската со останатите објекти од комплексот и нивната поврзаност во партерното
Фасади © UACS | Факултет за архитектура и дизајн
* насловната фотографија е преземена од Фејзбук страната Стара Струмица. Фото С. Гунчев
Автор на статија: Мартин Ефремовски
загрозен модернизам / Модернизам / Радомир Лаловиќ / Струмица