Aрхитектонско-урбанистичка анализа во функција на ревитализација на Студенчишко блато/ Покана за презентација и дебата
07.11.2019 • Информации
Природните блата како еко-системи за прочистување на езерската вода претставуваат природно богатство каде што се развива и живее особено важна флора и фауна. Како такви истите треба да се одржуваат и да претставуваат значајно наследство на кое ќе му биде овозможено неприкосновено функционирање.
Студенчишко Блато е едно од ретките природни блата на територијата на Р.Македонија кое е валоризирано како “споменик на природата”, но моментално е во незавидна состојба заради несоодветниот третман кое тоа го трпи поради лошата и несоодветна експлоатација која го попречува неговото природно функционирање.
Со цел повторно оживување на Блатото компанијата Тетрактис изработи Aрхитектонско-урбанистичка анализа во функција на ревитализација на Студенчишко блато преку восооставување на одржлив економски модел. Предмет и цел на oвoј прoект претставува ревитализацијата на Студенчишкo блатo, овозможување на негово природно функционирање заедно со воспоставување на одржлив економски модел на содржини кои се насочени кон развој на локалитетот.
Во насока на остварување на идејата ќе одржиме презентација на проектот со која сакаме да ја анимираме културната и експертската јавност на конструктивен дијалог.
Презентацијата ќе се одржи на ден 07.11.2019 год. во “Јавна соба” од 20.00 часот.
Веруваме дека ова е интересна тема за дискусија, Ве очекуваме!
Автор на статија: Filip Koneski
блато / Дискусија / Јавна соба / студенчишко / ТЕТРАКТИС