Храмовите Св. Архангел Михаил, Св. Никола и Св. Атанасиј / Варош, Прилеп
06.06.2025 • VI-XV век

Во серијата на објави поврзани со Прилеп, третата ја посветуваме на манастирот Св. Архангел Михаил од XIV век, црквите Св. Никола и Св. Атанасиј во Варош од XIII век. Во последната објава одделно ќе ја презентираме и црквата Св. Димитрија.
Ви носиме фотогалерии од минатонеделната посета, додека повеќе податоци за можете да прочитате во нашите претходни објави кои ви се приложени тука.
Св. Архангел Михаил
Ктитор: великиот хартулариј на западот Јован
Датиција: 1270–1280 г
Св. Никола
Година: 1298/99
Ктитори: Вега, синот Капза и неговата сопруга Марија (во времето на царот Андроник II, Михајло IX и царицата Ирина)
Св. Атанасиј
За црквата не се зачувани никакви историски податоци, ниту се најдени натписи во самата црква, современи на нејзиното подигање и живописување. Тоа го усложнува нејзиното попрецизно датирање. Во врска со црквата, се спомнува само архимандритот Леонтиј, кој во 1622 година подарил еден псалтир на манастирот „Зограф“ на Света Гора.

Автор на статија: Filip Koneski
“Св. Никола” / Варош / Манастир / Прилеп / Св. Архангел Михаил / Св. Атанасиј / Црква