ТАЈФА Архитекти и Општина Карпош организираат работилница за Алумина

Планерската куќа ТАЈФА Архитекти ДООЕЛ и Општина Карпош организираат работилница со цел прибирање на податоци и информации кои ќе послужат за процесот на планирање на локалитетот на поранешната фабрика Алумина – Скопје.

Во интерес на планирање на просторот на транспарентен и партиципативен начин ги покануваме претставниците на невладиниот сектор да присуствуваат на работилницата на која ќе можат да дадат свој придонес во урбанистичкиот развој на овој простор со идеи, предлози и мислења.

Работилницата ќе се одржи на 19 април 2022 година од 14 часот до 18 часот во Мала сала, барака 1 во просториите на Општина Карпош.

Имајќи ја во предвид здравствената ситуација во земјата во врска со КОВИД САРС вирусот, како и ограничените просторни можности, ве молиме вашето присуство да го најавите преку електронска пошта:

lazarevski@tajfa.mk

gordana.siljanoska@karpos.gov.mk

 

Извор >>>