Телефонска говорница #1

Година: претпоставка е дека потекнува од  80тите или 90тите години на XX век

Автор: непознат

Локација на примерок: Хол на Архитектонски Факултет, Скопје

Распространетост на дизајнот: на територијата на бивша Југославија

 

 

Телефонските говорници, престанаа да се користат од појавата на мобилните телефони. Но, порано низ Скопје беа распространети насекаде, на секој плоштад, раздвижени локации, пред позначајни институции, школи…

 

 

 

IMG_4403

 

 

 

Моделот на посочената говорница, освен во објектот на шалтер салата во Македонски пошти (доколку не настрадаа во пожарот), малку е познато каде може да се види. Овој модел, кој го содржи само кабинскиот дел, беше во употреба пред самостоечките говорници (сино-сиви). Истиот е составен од два дела, кои лесно се монтираат еден на друг, а потоа се прикачуваат на вертикала или ѕид. Овозможуваат лесен пристап во внатрешноста, која создава микро звучен простор, каде дизајнот лесно овозможува да се изолирате од надворешните звуци а полесно да се слушнете себе си и соговорникот. Покрај тоа имате доволно простор под телефонскиот апарат, да оставите паричник, именик, визит картички, ранец и сл. Во случај на атмосверски неповолности (дожд), секако може парцијално да ве заштити.

 

 

 

IMG_4399

 

 

 

Во говорницата не е оригиналниот телефонски апарат, за кој се користеа монети или жетони, туку последниот апарат, кога веќе беа во употреба чипираните картички.

 

 

 

IMG_4404

 

 

 

Овој дизајн бил распространет и на целата територија на Југославија. Низ времето многу примероци исчезнуваат, но при истражување успеавме да најдеме уште еден во Бања Лука. Тука се уште стојат три говорници, кои изгледа го имаат зачувано и оригиналниот телефонски систем.

 

 

 

Три говорници од истиот тип во Бања Лука, БиХ. (фото: Вердан Шевчук, www.mondo.ba)

 

 

 

Интересен дизајн, кој го документиравме со цел негово фото архивирање. Колку сме свесни за колекционирање на дизајнот кој одминува е едно од многуте  прашањa за категоријата СТАВ 🙂

 

 

 

Фото: Борис Јурмовски