Телефонските кабини во современите канцеларии како неопходност
01.06.2026 • Ентериер и мебел
Во услови кога open space концептот доминира во современите работни простори, потребата од приватност и фокус станува сè поизразена. Во овој контекст, телефонските кабини се наметнуваат како клучен елемент во дизајнот на модерната канцеларија.
Истражувањата во областа на работната средина укажуваат дека бучавата е еден од најголемите предизвици за продуктивноста. Според студија на Harvard Business Review, вработените во open space канцеларии доживуваат до 70% повеќе прекини во текот на денот, што директно влијае врз концентрацијата и квалитетот на работата. Дополнително, недостигот од приватност е меѓу водечките причини за незадоволство во канцелариското работење.
Телефонските кабини нудат ефикасно решение – акустички изолирани микро-простори кои овозможуваат фокусирана работа, разговори и видеоконференции без да се наруши остатокот од просторот. Тие стануваат клучен алат во креирање на балансиран работен екосистем, каде приватното и колаборативното работење коегзистираат.
Трендот на нивна употреба е во силен пораст. Според податоците на Delight Office Solution, побарувачката за телефонски кабини е зголемена за над 300% во споредба со минатата година, што јасно укажува на промената во начинот на кој се дизајнираат современите канцеларии.
Дополнително, сè почесто се покажува дека традиционалниот пристап со локално импровизирани кабини изведени од гипс-картон, стакло и дополнителни акустички материјали, веќе не ги задоволува потребите на современите канцеларии. Освен што овие решенија се фиксни и тешко адаптибилни, во многу случаи нивната вкупна цена – вклучувајќи изведба, вентилација, електрификација, подни облоги и акустички третман – може да биде значително повисока од готовите, фабрички развиени производи.
Современите телефонски кабини нудат комплетно интегрирано решение кое вклучува:
- високоефикасна вентилација,
- интегрирана електрификација,
- оптимално LED осветлување,
- врвна звучна изолација.
Звучната изолација се постигнува преку комбинација на специјално селектирани материјали како метал, алуминиум, штов, како и honeycomb принцип на изолација, кој има исклучително високи акустички својства. Благодарение на оваа технологија, разговор кој нормално се води со јачина од околу 60 децибели, надвор од кабината се сведува на приближно 28 децибели – ниво кое практично се перцепира како тивко шепотење. Тоа значи дека лицата надвор од кабината речиси и не можат да слушнат што се зборува внатре.
Од друга страна, во типична open space канцеларија, комбинацијата од разговори меѓу вработените, звук од телевизори, принтери, телефони и останата канцелариска опрема лесно достигнува ниво од 70 децибели. Телефонските кабини овозможуваат овој шум значително да се редуцира и да се создаде средина со далеку подобра акустична удобност и концентрација.
Дополнителна предност на ваквите кабини е нивната мобилност и флексибилност. За разлика од фиксните градежни интервенции, тие се лесно расклопливи и подвижни, што овозможува нивно преместување на друга локација или реорганизација на просторот без дополнителни градежни зафати и трошоци. Ова е особено важно за компании кои растат, се селат или имаат динамични канцелариски потреби.
Денес, водечките светски брендови поставуваат нови стандарди во дизајнот на современите работни простори.
Framery е компанија од Финска, основана во 2010 година, која важи за пионер и глобален лидер во индустријата на акустични телефонски кабини и office pods. Framery е присутен во илјадници компании ширум светот, а нивните производи се препознатливи по врвната акустика, скандинавскиот дизајн и напредната технологија за вентилација и паметно управување со просторот.
Mikomax е полска компанија со долгогодишно искуство во канцелариски мебел и акустички решенија. Нивниот бренд Hush е еден од најбрзо растечките европски брендови за телефонски кабини и acoustic pods, познат по одличниот сооднос помеѓу квалитет, функционалност и цена. Hush кабините се користат во модерни канцеларии, coworking простори и корпоративни средини низ Европа.
Nurus е премиум бренд од Турција, специјализиран за современ канцелариски мебел и ergonomic workplace solutions. Со серијата Nurus Calma, компанијата нуди висококвалитетни acoustic pods кои комбинираат елегантен дизајн, технолошка интеграција и високо ниво на звучна изолација. Nurus е присутен на меѓународниот пазар и соработува со бројни глобални компании и архитекти.
Berlin Acoustics е бренд фокусиран на акустички решенија за современи работни простори, со модерен европски пристап кон дизајнот и функционалноста. Berlin Acoustics е препознатлив по minimalistичкиот изглед, квалитетната звучна изолација и флексибилните решенија за open space канцеларии, meeting pods и phone booths кои овозможуваат подобар фокус и приватност во динамична работна средина.
Во овој сегмент, Delight Office Solution нуди различни типови на телефонски кабини и acoustic pods – од решенија за еден корисник, до кабини за двајца, четворица, па и поголеми meeting pods за тимска работа и состаноци.
Дополнително, сите овие брендови нудат дигитални configurator алатки преку кои архитектите можат самостојно да ги дизајнираат производите – од избор на материјали, бои и опрема, до технички конфигурации. Најважно, финалниот производ може директно да се симне како DWG модел и веднаш да се интегрира во проектната документација. На овој начин, архитектите не мора да користат слични или случајно пронајдени производи од интернет, туку работат со реални, технички дефинирани решенија кои подоцна можат идентично да се испорачаат и имплементираат во финалниот простор. Овој процес овозможува поголема прецизност, професионалност и контрола во дизајнот на современите работни простори.
Телефонските кабини денес не се само додаток, туку неопходен елемент во креирањето на современи, продуктивни и хумано ориентирани работни простори.
Автор на статија: Filip Koneski
Berlin Acoustics / Delight Office Solution / Framery / Mikomax / Nurus









