Место – проект за уметничка инсталација во градски парк / Мојсовска
27.03.2018 • Студентски проекти
Година: 2017/2018
Предмет: Пластично обликување 2 /Јавна уметност (Public Art)
Автори: Тијана Мојсовска
Ментор: Наташа Милованчев
Локација: Стар дел на градски парк
Од авторот:
Инспирирана од раздвиженоста околу местата „школка“ и „плочник“ во новиот дел на градскиот парк, одлучив местото на својата интервенција да го лоцирам во стариот дел на паркот. На тоа место согледав голем потенцијал за подигање на динамичноста и вибрантноста на движење на еднакво (или приближно) ниво како и во новиот дел на паркот.
Идејата е да се конструира инсталација од обоени челични лаци со различни димензии, кои ќе формираат отворени, повеќенаменски простори. Црвената боја на челичните профили би претставувала колористички акцент и атракција во околниот природен, зелен амбиент. Отворените криволиниски форми и движењето на линијата на скулптурата создаваат различни перспективи на просторот.
На минувачите им се овозможува индивидуално да ги доживеат испреплетените форми во живописниот пејсаж и притоа да го користат просторот на начин кој што им одговара во соодветниот момент: одмор, релаксација, социјализација, рекреација, физичка активност итн. Скулптуралната уметничка инсталација има за цел визуелно да ја збогати, надгради и стимулира постојната состојба, истовремено надоврзувајќи се на архитектонскиот и природниот пејсаж. Идејата е да ја пробуди имагинацијата, инспирацијата и да стане витален дел и обележје на паркот како јавна средина.
Автор на статија: Љубен Трајаноски
Public Art / Јавна уметност / Наташа Милованчев / Пластично Обликување 2 / Тијана Мојсовска