Шохрет Зеќирија „Тренд“ / Иван Артемушкин 1933

Име на сопственици :  Шохрет Зеќирија Муртеза, Јашар Бедрија сопрруга на Емин
Оригинална адреса:  ул. Престолонаследник Патар бр. 1
Денешна адреса:  ул. Максим Горки бр. 1
Програма:  Станбена + комерцијална
Статус: Постои
Досие: 218
Сигнатура: 6.1.320.56/477-594
Извор: Артемушкин и Скопје, Државен Архив на Република Северна Македонија – Одделение Скопје

 

Сместен на главниот плоштад на Скопје, објектот на Шохрет Зеќирија – познат и како Тренд – е идентитет на градот кој како фокална точка стои веќе 100 години.  Иван Артемушкин ја добива задачата да дизајнира на една од најзначајните локации во градот, на самиот плоштад, веднаш спроти Ристиќевата палата. Тој изведува петкатен објект, кој го продолжува формирањето на високиот фронт на градскиот плоштад.

 

Плоштад пред 1940, @ДАРМ

 

Историските фотографии укажуваат дека објектот е граден во 1933 година, кога на оваа локација претежно имало ниски и едноставни објекти.

Архивските документи откриваат прва верија за истито проект која не е изведена, со изразено неокласична формалистика акцентирана со скулптура на аголот. Оваа скулптура е единствениот ваков пример во творештвото на Артемушкин, составена од голема топка носена на грбот од четири машки фигури.

 

 

Кај двете верзии најспецифичен е третманот на аголот, каде што на вториот и третиот кат е испуштен волумен, кој на четвртиот се претвора во тераса. Аголот завршува со венец, кој истовремено има улога да го скрие двоводниот покрив зад него.

Планската организација предвидува два стана на секој кат, каде што примарните функции се ориентирани кон градскиот плоштад.

 

Архивски план на кат

 

Неколку години подоцна, до објектот е изведен хотелот „Македонија“ дело на архитектот К. Жерновски, кој го продолжува манирот на Артемушкин, формирајќи целина. Овој хотелот е уништен при земјотерсот во 1963-та.

 

Тренд во 1963

 

Низ изминатите 90 години од неговата изведба, зградата на Шохрет е дел од градската панорама и речиси сите честитки на градот Скопје.

 

 

Сите архивски планови се преземени од Државниот архив на РСМ – Одделение Скопје.

Регистрација за вториот тираж на публикацијата „Артемушкин и Скопје“

Извор: Артемушкин и Скопје / Чаусидис, Ефремовски

Фото: Борис Јурмовски