Основното училиште „ Киро Глигоров“ на БМА, ја освои Големата годишна награда за 2019 година
27.12.2019 • Информации
Вчера, во Музејот на град Скопје, беше доделена Големата годишна награда за архитектура за 2019 година, која е под покровителство на претседателот на државата. Наградата се доделува за најдобра архитектонска реализација изминатава година.
Овогодинешното признание, го доби основното училиште „Киро Глигоров“, дело на тимот на БМА (Бесиан Мехмети Архитекти), Стефан Атанасоски, Никола Кунгуловски, Арменд Хебипи и Бесиан Мехмети.
Манифестацијата ја отвори претседателот на ААМ, архитект Мартин Пановски, по кого следеше обраќањето на претседателот на комисијата, професор Мишко Ралев.
На свеченоста, пригоден говор одржа и претседателот на Р.С. Македонија, Стефо Пендаровски, кој меѓудругото истакна:
„ … Сакам да апелирам до сите вас, и сега и во иднина, никогаш да не правите компромиси со вашиот личен и професионален интегритет. И наместо правилата и етиката на вашата професија, да го следите диктатот на политиката. Во таа смисла, скорешното крајно негативно искуство, кога политичарите беа архитекти, архтиектите само извршители на нивните замисли, треба да ни биде доволна поука…. “
Во име на добитниците се обрати архитектот Бесиан Мехмети, кој ја истакна својата благодарност, но и гордост дека наградата е добиена токму за овој објект, кој ќе биде од корист на младите и нивното образование, надевајќи се дека просторот ќе им го олесни патот на инспирацијата за посветла иднина.
Честитки до тимот, во име на МАРХ 😉
фотографии: Васе Аманито
Автор на статија: Filip Koneski