UNESCO со предупредување за владините проекти во Охрид и Охридско
13.06.2017 • Информации

Градот Охрид и претходниот владин состав, добија сериозни критики од Унеско за тековните и планираните активности во градот и неговата околина. Малку недостасува Охрид да добие статус на загрозено културно наследство. Мисијата на Унеско ја критикува во својот извештај планираната изградба на патот Св. Наум – Охрид, како и планираниот скијачки центар на планината Галичица. Меѓудругото се наведува и некоординираниот урбан развој за несоодветен.
Македонија од Унеско добива 2 години да ги реализира препораките од извештајот, по што ќе следи повторна посета за утврдување на ситуацијата.
Предупредувањето за Охрид од страна на архитектонската сцена и еколозите трае со децении додека Македонија веќе 30 години се соочува со краен непрофесионализам во урбанизмот и архитектурата, менаџиран од локалните власти кои го загрозуваат културното наследство.