Времескоп – ремедијација на делови од фабриката Охис / Костески, Тодороска, Трајковски, Поп-Стефанија

Автори:Кристијан Костески, Ангела Тодороска, Михајло Трајковски, Димитар Поп-Стефанија

Педагошки тим: проф.д-р Дивна Пенчиќ, Вања Трајковски, Љубица Ефтимова

Предмет: Урбанистичко обликување 2

Проектна задача: Визии за просторен развој на град Скопје

Наслов: Времескоп

Локација: фабриката Охис, Кисела Вода

Семестар:  IX семестар – 2020/2021

Универзитет: Архитектонски факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

 

 

Опис на визија

Самото име времескоп ја објаснува корелацијата на поврзување на минатото-објектите од различна временска доба значајни за градот Скопје, руралната и веќе напуштена градска индустрија, старите-постоечки зелени појаси и спојувањето со иднината за оживување, подобрување и поголема функционалност на самиот град.

Визијата за Скопје да стане жив град во иднината, би се претставила како траекториско движење низ површината на целиот град во кој би се поврзале значајните објекти(временски споменици) кои не се наоѓаат само во центарот на градот, туку и надвор од него.

Како примарна цел на оваа визија би било да, напуштената индустрија се преобликува и стане простор кој ќе биде корисен за жителите на градот Скопје, но истовремено претставува и атрактор за социјализација.

Низ целото ова движење во самиот град голема улога придонесуваат и постојните зелени појаси, кои со визијата би се подобриле,надополниле и би се создале нови зелени атрактори кои ќе овозможат бегање од градското сивило и загаденост во помали интимни зелени зони налик мала природа во самиот град.

 

 

 

 

 

 

Визија – цели, стратегија

Скопје-град во иднината во наредните 20-30 години би се претставил како визија на која би и се доделило името времескоп-движење низ различни временски периоди од кои би произлегле доволно податоци и анализи за понатамошни проекти кои би го подобриле развитокот на градот Скопје во неговото понатамошно развивање.

Така би следело и објаснувањето на името на оваа визија ВРЕМЕСКОП, каде првиот дел од визијата, односно зборот ВРЕМЕ – би претставувал движење низ историјата и значајните дела на самиот град, додека вториот дел би се препишал на значењето на самиот град СКОПје.

Целите на оваа визија се продлабочени и поттикнати од веќе долго недопрените теми, кои целосно се во сенка и запоставени а сепак имаат големо значење за самиот град.

 

 

 

 

 

 

Цели на оваа визија се:

  • Скопје-Град музеј
  • Напуштена индустрија
  • Зелени атрактори
  • Траекториум

Кога би се продлабочил во самата визија и би се јавило потреба да се создаде стратегија како овој град би требало да се развие, целосното внимание би се посветило на најактуелните теми денес односно, целите на напуштената индустрија и траекториумот-градското урбано движење.

Како теми за создавање на стратегија за градот Скопје би се издвоиле темите на културниот развој на напуштената индустрија и поврзување на различни секвенци во градското движење.

 

 

 

 

Развивање на самиот проект

При анализирање на земјиштето на фабриката ОХИС е извршена зонска поделба според загаденост на самото земјиште. На ниво на целата површина на фабриката се врши поделба на три зони на загаденост како, средно токсична зона, нетоксична зона и токсична зона. Како најалармантна токсична зона се јавува средишниот дел на фабриката ОХИС врз која понатаму треба да се дејствува.

 

 

 

 

 

 

Самиот проект првично подлежи врз анализа на самото земјиште и барање на алтернативни начини за негово прочистување и враќање во живот со што некогашниот гигант ОХИС како што во минатото оставил силен впечаток врз градот Скопје, би оставил и денес со што на самиот град би му подарил нов социјален атрактор корисен за сите граѓани.

 

 

 

 

 

 

Самиот проект подлежи на неколку фази на развивање:

Прва фаза – РЕМЕДИЈАЦИЈА на самиот простор е фаза на прочистување од токсични материи кои подлежат под самото земјиште. Ремедијација е подолг природен процес на прочистување на земјиште кое се извршува со засадување на специфичен тип на растенија и дрвја во зависност од загаденоста на почвата.

Задржани се постојни објекти кои се преобликуваат во фабрики за рециклирање на хартија и целулоза, кои се компатибилни на процесот на ремедијација, не загадуваат и не влијаат врз него, туку имаат придонес во самиот тој процес бидејќи придонесуваат финансиски средства за одржување на него но и минимален број на вработени кои воедно би се грижеле и за самиот процес. 

 

 

 

 

 

 

Втората фаза – ОТВОРЕН ПРОСТОР ЗА СИТЕ е фаза во која откако ќе се прочисти земјиштето од токсични материи и стане безбедно за употреба за сите на тој простор би се јавило нова мала урбана природа во обвивката на самиот град.

Веќе постојните објекти се задржуваат и во оваа фаза со што ти се пренаменуваат дел во ботанички градини за изложување на ретките примероци кои послужиле за овој процес, додека дел се пренаменети во индустриски музеи во кои би била прикажана транзицијата на големиот гигант ОХИС- некогаш и денес.

од студентите