XY КУЛА / Мирчевска, Младеновска, Грујоска, Макриевска
21.03.2017 • Студентски проекти
ИНТЕГРАТИВНО СТУДИО
Обрасци на раст: Резидуална форма
Aвтори: Симона Мирчевска, Александра Младеновска, Олгица Грујоска, Бисера Макриевска
Проект: XY КУЛА
Педагошки тим: доц. д-р Слободан Велевски / доц. д-р Марија Мано Велевска / доц. д-р Огнен Марина
Локација: Скопје
Година: 2017
Градот е конгломерат на архитектури, кои се напластуваат една врз друга низ времето. Сите тие имаат свое значење и карактеристика по која се препознатливи. Нивната дистинктивност е тоа што го прави градското искуство побогато . Тие се клучни во формирањето на меморијата на градот , која секој човек ја носи во себе. Просторите кои се дел од колективната меморија се наречени урбани артефакти. Тие се оние кои кохабитираат во морето од градби и имат прераснато во симбол или референтна точка.
Урбаните артефакти се јасни во нивната форма/композиција, а програмата има секундарна улога.Таа се менува зависно од потребите на луѓето и промените во општеството.Меморијата на градот како основна карактеристика, претставува појдовна точка во формирањето на концептот. Идејата е да се формира дистинктивен просторен гест, кој е доволен и препознатлив сам по себе во околината. Новиот просторен гест треба да дава поинаква перцепција за градот како жив организам, односно структурата да е препознатлива како целина, а програмата флексибилна на промените .Како урбани артефакти во непосредна околина на новопланираниот просторен гест, ги препознаваме кулите во Капиштец, Универзалната сала, Католичката црква и Архитектонскиот факултет.
Просторниот гест се протега нормално на оската на булеварот “Теодосиј Гологанов” – и претставува контраст на постоечкото . Опфатена е површината на поранешната фабрика Треска, на која е отстранета претходната ниска структура и се предвидени нови капацитети.Гестот е поделен на три зони и тоа: прва зона на вертикали – кули , втора зона на зеленило -меѓупростор и трета зона , зона на хоризонтали (проекции на вертикалите). Главна носечка програма е универзитетскиот комплекс , т.н фабрика на знаење,на во втор план се јавуваат секундарни програми што ја збогатуваат основната и ја додефинираат истата.
Зона на ветикали претставува порозна бариера – ред на кули што ја дефинираат границата меѓу новосоздадената архитектура и постоечкото ткиво. Висината на кулите (80 м) е во релација со висината на кулите од Капиштец (40м) ,т.е. двојно е зголемена. Секоја кула содржи 25 ката од кои приземјето вклучува деловни простори ,а останатиот дел е наменет за домување.
Зоната на парковско зеленило е преодна зона кон ниската структура. Овој простор е место за одмор и релаксација.
Зоната на ниската структура содржи пет сегменти што се дефинирани преку редење на хоризонтални објекти. Секој хоризонтален блок има пет ката и е во функција на сегментите што се добиваат. Секој сегмент има различна тема, и преставува композиција од ниски секундарни објекти кои ја дефинираат истата. Просторите што се формираат меѓу нив се добиваат преку обликување на празно – полно . Секој сегмент комуницира со наредниот преку пасажи кои минуваат низ блоковите, така што овозможена е постојана циркулација.
Основа на карактеристичен кат
Приземјето на хоризонталните блокови е од јавен карактер, согласно со функцијата што ја има блокот , пр. Кај интернатот за студенти, на приземје се наоѓаат мензата и библиотеката и сл.Првиот сегмент сочинува планетариум -концертна сала со пропратни содржини како сала за танц, балет. Вториот сегмент е спортски дел кој содржи атлетска патека, спортски терени за фудбал, ракомет.
Основа на карактеристичен кат
Во третиот дефинирани се простори за социјализација и учење како плоштади ,библиотеки (храм на знаење) . Четвртиот сегмент содржи амфитеатри за театарски и друг вид изведби , презентации , предавања. Крајниот, петтиот сегмент е замислен како музеј, дополнет со занаетчиски работилници.
Ф.К
Автор на статија: marh
XY КУЛА / Александра Младеновска / Бисера Макриевска / Олгица Грујоска / резидуална форма / Симона Мирчевска