Заложба за реконструкција на централната пошта
08.08.2024 • Информации
Порталот „Курир“ пренесува за средбата на министерот за транспорт и врски, Николовски и амбасадорот Гир во заминување, на која е договорена заложбата за реконструкција на Шалтер Салата.
На состанокот покрај останатите заеднички интереси било зборувано и за состојбата на градителското наследство во Македонија, отворајќи го прашањето за состојбата на ПТТ салата како едно од најзначајните бруталистички остварувања во земјава.
„Негрижата за културното наследство доведе до овој степен да објектите кои ни се од културолошка и архитектонска важност да останат незаштитени. Тоа нема да го толерираме. Денешната средба со евроамбасадорот Гир беше токму во таа насока, оштетениот објект на централната зграда на Пошта да го реставрираме и да го заштитиме како објект кој има културна вредност во историјата на Македонија. Тоа нема да е ниту лесен потфат ниту евтин проект. Напротив, ќе треба да се вложи многу енергија, време и пред се стручно знаење како и сериозни средства. Но централниот објект на Пошта е од огромно историско и културно значење за Македонија како еден од најзначајните објекти од времето на брутализмот и мора да биде заштитен во својата основна форма и ставен во функција“ – истакнал по средбата заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
Автор на статија: Filip Koneski