Замисли си нешто поинакво на ул.„Орце Николов“ бр. 128, 1000 Скопје

Во повеќе наврати во нашите приказни (story)  на социјалните мрежи сме го посочувале овој објект, како потенцијал да се види нешто поинакво. Тука целиме на критика над урбанизмот кој не ги третира овие ретки објекти во главниот град на Македонија, како наследство кое треба да се интегрира во идната слика на Дебар Маало.

 

Локација 

 

Не се поместивме од впишување на површини за градба на објекти за колективно домување, ниту направивме една стратегија за заштита на остатоците од скопската еклектика.

 

 

Дебар Маало веќе е приказна за Скопје, која е полна со кафетерии, кафеани, простор каде се случува ноќниот живот, едно од омилените места на туристите кои го посетуваат градот.

 

 

Не знаејќи кој е планот за овој објект, се обидуваме да замислиме нешто поинакво, каде не би се уништила трагата на минатото, па од тука тој би бил прекрасна резиденција, кафеана, кафетерија или пак канцелариски простор. Со малку имагинација може да биде поинаку.

 

Рендерите се креирани со помош на AI engine, и претставуваат експериментални визуелизации на возможното (со сите нејзини недостатоци).