Започна реконструкцијата на Спомен-домот „Разловечко востание“ во с. Разловци

Општина Делчево, објави дека се започнати градежни работи за заштита – конзервација и реставрација на Спомен-домот „Разловечко востание“ во с. Разловци. Проектот ќе се спроведува во 5 фази и предвидува конзервација и реставрација на кровот, конзервација на внатрешни и надворешни ѕидови, замена на дотраена столарија со столарија од трајни материјали и термопан стакло, конзервација и реставрација на партерот и на потпорните ѕидови со дренажа.

 

 

Градоначалникот на Делчево – Гоцевски истакна дека овој капитален проект се реализира со поддршка од Владата на Република Македонија и ќе овозможи комплетно враќање на сјајот на Спомен-домот, симболот на првото организирано македонско востание и сведоштво за храброста и непокорот на нашиот народ.

За директорот Начовски реконструкцијата на овој значаен објект во село Разловци подразбира доведување во оригиналната архитектонска форма проектирана од македонскиот прочуен архитект Константиновски. Со тоа, конечно, селото Разловци, Општина Делчево и нашата држава добива мултифункционален репрезентативен објект кој доликува на историската вредност на Разловечкото востание од 1876 година.

 

 

Средствата за реставрација и конзервација на спомен –домот „Разловечко востание“ се обезбедени преку Министерството за култура и туризам.

Дознајте  повеќе за овој спомен дом од една од првите објави на МАРХ, објавена на крајот на 2014та година во продолжение >>>

Спомен Дом на Разловечкото Востание / Константиновски

Веста е превземена од страната на Општина Делчево

 

Автор на статија: