Здравствен дом во Подгорица / Архитектура Нова

Meѓународен конкурс за идејно архитектонско решение на објектот Здравствен Дом во CIty Kvart, Подгорица

Распишувач: Министерство за просторно планирање, урбанизам и државен имот

Трета награда

71 учесник

23 земји

 

Студио: Архитектура Нова

Автори: Марија Димитриевска Цилакова, Викторија Богданова, Даница Спасевска, Маја Димитриевска, Невена Георгиевска

 

Позади крошните

Здравствен Дом Подгорица

 

Просторниот концепт се темели на следните стремежи:

  • да се формираат јасни, едноставни и економични простори во единствен волумен, кој зафаќа што помала површина од парцелата:
    • надворешност: аскетски израз на белина и линиски развој

ритуален влез / излез на југ

  • внатрешност: динамична “машина” на здравјето, со атриумски решена игра помеѓу светлината и просторните врски;
  • да се создаде урбана шума на западната половина на парцелата како јавен парк кој го зголемува квалитетот на целата населба, како одговор на очигледната потреба за колективно “домување на отворено” на соседните станбени објекти;

ја намалува бучавата, го прочистува воздухот, штити од сообраќајот;

  • да се воспостави нов, модерен и градотворен маркер, кој ја олеснува ориентацијата во постојниот лавиринтски контекст со повторливи и еднолични станбени објекти;
  • да се гради со формите и материјалите кои се блиски на граѓаните на Подгорица: трем, транспарентност, строг израз, атриумски структури;
  • да се создаде архитектура која би го олеснила и забрзала процесот на целовито оздравување на посетителите.

 

 

МОРФОЛОГИЈА НА ЗДРАВЈЕТО

=

современ градотворен маркер

(нов ориентир во Подгорица)

+

линиски парк

(зелен обединувач на населбата)

+

осветлени внатрешни празнини

(интерпретација на издолжениот атриумски принцип во Подгорица)

 

Ситуација со поширокот опкружување

 

Здравствениот дом се повлекува од западната улица кон внатрешноста на парцелата за да створи балансирана композиција меѓу динамиката на изграден и празен простор: издолжен парк + порозен урбанистичко-архитектонски блок.

 

 

ИЗДОЛЖЕНИОТ ПАРК е централна тема на решението. Крошните кои ја менуваат својата појавност низ различни годишни времиња, создаваат зелен појас кој се огледува во транспарентниот образ на објектот.

ПОРОЗНИОТ БЛОК е зградата на Здравствениот Дом. Организиран е во две ламели, широки колку околните станбени објекти, меѓусебно поврзани со пократок јужен и северен крак, создавајќи единствен објект, кој се истакнува во средината како нов современ репер за тамошните жители.

Тешката и непријатна повторливост и сличност на станбените ламели е главниот проблем на потесната локација; постојната состојба создава чувство на изгубеност, дезориентација и преизграденост без никаква зелена површина, како за Подгоричаните, така и за странските посетители на населбата.

 

 

Порозниот блок е органски проектантски одговор на овој проблем со две основни цели:

  • воспоставување на поинаква типологија од околните ламели – ИЗДОЛЖЕН ГРАДОТВОРЕН БЛОК како урбанистичко-архитектонска типологијa
  • завземање на максимална изграденост во висина (P+2) + вовлечен допир со тлото во длабочината на парцелата: што поголемо зачувување на зелените површини и правилната инсолација (избегнување на сенката на високиот објект на Ул. Б)
  • воспоставување на нагласена хиерархија на празниот простор надвор, низ и над објектот
    • парк како пријатна, зелена оаза на целата населба, дом на птиците, извор на сенка и ладовина во лето, звучен изолатор на бучавата и прочистувач на воздухот
    • атриум како внатрешна игра на дворови, природна светлост, галерии и просторни прошетки низ објектот – внатрешен раскош во пресек (палимпсест на лековити наративи)

 

 

СВЕЖА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА ЛОКАЛНИТЕ ВРЕДНОСТИ

Издолжениот атриум е градотворна типологија со универзална функција, присутна во најубавите делови на градот Подгорица, најизразито читлива во два безвременски примери на градската архитектура:

  • Трговски центар Беко (архитект Божидар Милиќ, 1969)
  • Централен Комитет СК Црна Гора (архитект Радослав Зековиќ, 1965)

Двата примера на издолжен современ атриум создраваат впечаток на монументална едноставност. И покрај нивната моментално запуштена состојба, тие говорат со пешакот и со околината преку следните елементи:

  • строг и едноставен урбан израз – објект интровертен према надворешноста
  • внатрешни празнини кои ја разбиваат рационалната повторливост во раскошен и динамичен вертикален пресек
  • интеграција на празниот простор околу и во себеси (околни паркови, Плоштад на Слободата, внатрешни градини)
  • внатрешно врамување на “прозорците према небото”.

Здравниот Дом е современа свежа рефлексија на овие автохтони елементи:

  • ориентир кој се спротивставува на лавиринтскиот контекст на повторливи еднолични станбени објекти
  • тивок градотворец, кој повлечен во длабочината на парцела создава парковско зеленило
  • огледало на функционалната рационалност и нежна, поетична комплексност
  • вертикален организам отворен према сонцето, дождот, и светлината.

 

 

 

РИТУАЛЕН ПРИСТАП: ПОГЛЕД НА НАДЕЖТА 

 

Ситуација со отворено приземје

 

Пациентот може да доаѓа кон Здравниот Дом пешки, со автомобил или со јавен превоз.

Пракингот за пациенти и посетители е организиран на западниот агол на парцелата, паралелно со постојниот станбен блок. Површината на паркингот е организирана како поплочена и озеленета меѓузона, премин од бучната улица до тивката и зелена атмосфера на паркот.

За да стигне до главниот влез, пациентот/посетителот мора минува низ парковската пешачка променада во зелениот појас.

 

Основа на 1 кат

 

Главниот влез во Здравствениот Дом е од јужната страна. Вовлечениот Плоштад e пријатно осветлена, покриена површина: чекањето пред зградата е подеднакво важно како чекањето во поединечните чекалници во различните здравствени сектори.

Кога пациентот влегува во објектот, го осветлува на грбот јужно сонце, кое полека исчезнува во длабочината на Вовлечениот Плоштад. Одеднаш, пациентот зачекорува во атриумот; пред и над него се отвара светлосен и зазеленет поглед према небото кој создава чувство на ведрина и надеж. Посетителот пешачи низ атриумот, се до влезот, каде што се случува ново просторно изненадување: поглед во вертикално развиената аула.

Централната линиска празнина (издолжен атриум, аула) е составена од два помали атриума – градини во цела висина, и еден централен простор со разиграна светлина која доаѓа од зенителните прозорци, и паѓа низ скулптурално решените скали и галерии.

Од главната аула се разгрануваат издвоени влезови за секој посебен сектор.

Вертикалните јадра се поставени на 5 локации: главната аула содржи едни главни – церемонијални и динамични скали и лифтови, а 4 противпожарни јадра се сместени долж источната и западната ламела.

Основа на 2 кат

 

Додека целата програма е организиран во ширина на блокот со централен ходник (периметрален блок), отвореноста на централната аула и внатрешните атриуми овозможува присуство на дневна светлина, помагајќи и на зградата да биде искуствено и ориентационо разбирлива за сите нејзини корисници (пациенти, посетители, придружници, вработени).

Дворови, светлосни рамки и скалишни краци се главните карактери во динамичната драма на внатрешни визуелни поврзувања.

 

 

Зградата има неколку споредни влезови:

  • на западната страна: влез во рендген/дијагностика и влез во општа медицина
  • на источната страна: влез во патронажа, влез во лаборатории и технички влез во аптеката (на источната страна зградата ја тангира сервисната улица за достава на лекови и паркирање на патронажни возила)
  • на бочната страна на главниот влезен трем е поставен главниот влез во аптеката.

Пристапот во подземната гаража е преку рампата, поставена на северниот дел на парцелата, од ул. Бранко Деретиќ.

 

Издолжениот блок / издолжениот атриум создава чувство на пространост и рамномерна проветреност и осончување во секоја програмска секција на објектот.

 

 

Основната цел во решевањето на програмата на Здравствениот Дом е непрекинато, јасно и природно осветлено движење: распоредот на комуникациите спречува долги дистанци и бескрајно долги ходници. Класичниот “централен” коридор во двете ламели прераснува во разгранет комуникациски скелет; во одредени моменти неговите гранки ја допираат природната светлина на атриумот, додека развојот на гранката Централна Празнина се кулминира во преплетување на повеќеспратни и меѓуспратни движења.