Зебрњак / фотогалерија /

Автори: Момир Коруновиќ

Година на изведба : 1934-37

Локација:  на брдото Зебрњак, 6 километри од Куманово, покрај патот кон Младо Нагоричане

Фотографии: Борис Јурмовски  /2022/

 

 

Зебрњак е спомен-костурница на истоимениот рид, проектирана од белградскиот архитект Момир Коруновиќ, изградена од страна на српските власти во чест на  борците кои го изгубиле животот во Кумановската Битка во 1912год. против Отоманското Царство. Целта на градбата, според тогашните власти била да се обележи почетокот на ослободувањето од турското владеење на Балканот. За македонците овој споменик сепак значи уште едно одбележје на поделбата на Македонија и почетокот на ново завладејување – српско освојување на Вардарска Македонија.

Оригиналниот изглед на споменик-костурницата било во форма на кула со висина од 48.5м поставена на триаголен постамент, и била изведена од армиран бетон и базалт. Била истовремено елегантен објект и цврста структура.

Внатрешноста на приземјето ја сочинуваат одаи во кои се сместени посмртните останки на српските борци.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

оригиналниот крст кој бил поставен на врвот на кулата

 

 

 

 

 

модел од оригиналниот изглед, сместен во одаите на внатрешноста 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прочитајте повеќе за Зебрњак >>>