Во најава комплексот над Јужниот Булевар (бул.Македонија)

May 3, 2016

Деновиве, на запуштеното градилиште на Јужниот булевар, зад Музејот на Град Скопје, конечно се постави табла со 3Д визуелизација за изгледот на новиот комплекс. Обврска на инвеститорот е изградба на трасата од Јужниот Булевар која оди подземно, со тоа што за компензација го добива просторот над него.

Јужен булевар - комплекс во најва_МАРХ2

Овој простор и во периодот на 90тите беше предмет на повик за идејно архитектонско-урбанистичко решение, во чиј опфат беше и доградба на објектот на Старата Железничка станица. Овој пат проектот ќе се реализира преку компензација на услуги, со турскиот инвеститор, каде му се остави слобода на инвеститорот за решението на проектот, со што неговите автори се уште не ни се познати.

Од она што може да го забележиме на билбордите,  во приземниот дел се развиваат комерцијалните содржини и трговски центри, во комбинација со пешачка зона и паркинг простор. Од трговските единици се надвишуваат 4 висококатници  ( повеќе од 20 ката ), најверојатно во доминантен дел луксузно домување.

Јужен булевар - комплекс_МАРХ1

Она што може на прво око да се каже,  е дека на  доминантен дел од површината се забележуваат ниски структури, кој не се натпреваруваат по висина со Музејот на град Скопје. Во партерот се постигнува разбивање на тој габарит со пешачки зони и градски тремови. За среќа густината на кулите не е голема, со што се избегнува ефектот на „Капиштец“ иако нивната ориентација исток-запад е со подолгите страни. Забележително е кровното зеленило, кое на ваква локација би требало да биде од јавен карактер и достапно за граѓаните во вид на парковска површина.

Современоста на комплексот е изненадувачки, кога ќе го споредиме со интервенциите на власта во центарот на градот. Да се надеваме дека тоа ќе го видиме и во неговата реализација.

За подетална анализа, треба да почекаме  повеќе официјални информации, како и реалната можност за манипулација преку 3Д презентацијата.

Ф.К

Автор на статија: