Победничкото идејно решение за „Луна парк” /Група автори 2015

Конкурс за избор на идејно решение за изглед на ЛУНА ПАРК -Скопје

Освоена награда: 1

Шифра: „ЛУНАР”

Година: 2015

Автори:  Климент Патчев, Филип Конески, Марјан Димиќ, Борис Јурмовски, Борко Георгиев

По завршениот тендер за избор на фирма која ќе го изработува основниот проект за Луна парк-Скопје и информациите излезени во неколку интернет портали, победничкиот тим „Лунар”, реши јавно да го сподели својот конкурсен труд.

Според веста, основниот проект го доби фирмата која го изработи второнаградениот труд „Билд Урбан“, која во последната информација беше спомната дека ќе работи основен проект – компилација од трите наградени решенија.

Конкурсот претставуваше повик за идејно решение, што значи фаза пред идеен проект, со релативно краток временски рок за негова изработка. Тоа овозможи послободен пристап во презентацијата на идејата, за која тимот изработи и насока за брендирање на паркот (постер, лого, карти, флаери), земајќи в предвид дека на сето тоа во иднина следи доработка и прецизирање.

Текстуалното образложение го споделуваме во оригиналната форма, како и панелите приложени на конкурсот.

Победничко решение на конкурсот за Луна Парк 01_Климент Патчев_Филип Конески_Марјан Димиќ_Борис Јурмовски_Борко Георгиев„Голем број на генерации низ годините, пораснале со игра во забавниот парк,  длабоко врежан во сеќавањата на граѓаните на Скопје.

Луна Парк е место кое сеуште се прераскажува во  моменти кога се навраќаме на забавните денови поминати во детството, сеќавања исполнети со возбуда , тема на разговор секогаш исполнета со позитивна енергија .

Зборот ЛУНА е коренот на целосната инспирација во ова решение на забавниот парк. Всушност, футуристичкиот поглед прераскажан во минатото е базата од која новото решение е добиено при процесот на размислување.

Победничко решение на конкурсот за Луна Парк 07_Климент Патчев_Филип Конески_Марјан Димиќ_Борис Јурмовски_Борко ГеоргиевВо овој проект, главен симбол врз кој се темели неговата изработка е месечината. Сета нејзина симболика и фигура како космички објект е обликовно употребена. Месечината претставува наративно средство, лебдечки сигнал над локацијата во текот на работните часови на забавниот парк. Лоцирана над едукативниот центар, илуминирана, доминира физички над паркот. Нејзината поставеност, го потенцира дополнителното информирање, упатено кон заинтересираната публика.

Победничко решение на конкурсот за Луна Парк 02_Климент Патчев_Филип Конески_Марјан Димиќ_Борис Јурмовски_Борко ГеоргиевМесечината овозможува брендирање на забавниот парк, правејќи го комерцијално интересен, лесно вклоплива во графичките помошни средства (лого, мапирање, билети, флаери и постери).

Победничко решение на конкурсот за Луна Парк_билети и флаери_Климент Патчев_Филип Конески_Марјан Димиќ_Борис Јурмовски_Борко ГеоргиевПриродниот изглед на Месечината, учествува во обликовното уредување, партерното решение и организација на сите објекти, реквизити  и помошни елементи. Притоа се внимава на функционалниот аспект на обликувањето.

Забавниот парк е подолго време во запуштена состојба, со дотраени реквизити кои претставуваат безбедносна опасност и со содржина која не ги задоволува потребите на современото општество губејќи го чекорот на времето. Истовремено, поширокиот регион не поседува забавен парк кој е туристички привлечен. Токму ова и регионалната локација  на Скопје, не насочи кон смело решение- Забавен парк кој ќе понуди содржини привлечни за сите генерации и посетители на градот. Тоа значи сегменти на забава од лежерен до адреналински тип.

Победничко решение на конкурсот за Луна Парк 03_Климент Патчев_Филип Конески_Марјан Димиќ_Борис Јурмовски_Борко Георгиев

образложение за реквизити

Поради недостатоците на постоечкото решение, на пр. реквизитот  „Воз” кој зафаќа половина корисна површина од забавниот парк, дотраени реквизити со мал капацитет, запуштено и дотраено кино, администрација сместена во несоодветен објект, одлучивме да направиме целосно ново решение.

Новото решение е поставено слободно во просторот, нагласувајќи ги двете дијагонали „Југоисток-Северозапад” и „Североисток- Југозапад”. Низ првата го усмеруваме движењето, влезот и излезот, додека на втората ги поставуваме вертикалите. Целата површина е дефинирана со смелиот потег на „Лудата Железница„ создавајќи единствена атмосфера во внатрешноста (инспирација- силуета на природен пејзаж), комплетирајќи ја сликата со присуството на светлечката месечина. Конструктивното јадро на roller coaster-от претставува површина со можност за различно обликување (аквадукт, исполнета површина-подлога за проекции и цртежи, интегрирање на функционален простор и др. можности кои се тема на дефинирање во следните фази)

Победничко решение на конкурсот за Луна Парк 05_Климент Патчев_Филип Конески_Марјан Димиќ_Борис Јурмовски_Борко ГеоргиевАдминистративниот објект е поставен аголно во Југозападниот дел како најнеатрактивна позиција, изолирајќи ја надворешноста, со цел формирање на фронт, потребен за обликување на пристапно-собирен плоштад на влезот. Од тука движењето се усмерува странично кон останатите содржини на паркот, слободно расфрлани низ посторот асоцирајќи не на месечевото обликување.

Победничко решение на конкурсот за Луна Парк_од 3д Модел 2 _Климент Патчев_Филип Конески_Марјан Димиќ_Борис Јурмовски_Борко Георгиев

од работен модел

Победничко решение на конкурсот за Луна Парк_Монтажа 3_Климент Патчев_Филип Конески_Марјан Димиќ_Борис Јурмовски_Борко ГеоргиевРеквизитите се организирани зависно од тоа дали се од  детски, едукативен, фамилијарен или адреналински тип. Користејќи го негативното искуства на возот од досегашното решение со цел ослободување површина за дополнителни содржини, го подигнуваме на столбови.

Победничко решение на конкурсот за Луна Парк_од 3д Модел 1 _Климент Патчев_Филип Конески_Марјан Димиќ_Борис Јурмовски_Борко Георгиевод работен модел

Победничко решение на конкурсот за Луна Парк_Монтажа 1_Климент Патчев_Филип Конески_Марјан Димиќ_Борис Јурмовски_Борко ГеоргиевПокрај содржините и реквизитите кои се во пракса во поголемите забавни паркови, во скопскиот „Луна Парк„ предвидуваме едукативен и мултимедијален центар. Во него може да дознаеме повеќе за Месечината, небесните тела, астрономијата, низ активностите во мултифункционалниот простор, интерактивниот простор наменет за холограмски и 3D проекции, планетариумот, амфитеатарот за предавања, и кино-салата.

Победничко решение на конкурсот за Луна Парк 04_Климент Патчев_Филип Конески_Марјан Димиќ_Борис Јурмовски_Борко ГеоргиевВо обликувањето на паркот, влијаеа и анимираните филмови поврзани со футуристичкото гледање кон иднината, претставувајќи го животот поблиску до небесните тела.

futurama-1Оттука потекнува идејата за набљудувачка кула која покрај ресторанот,  употребена и за контролен простор во служба на поефикасно функционирање на паркот.

Победничко решение на конкурсот за Луна Парк_од 3д Модел 5_Климент Патчев_Филип Конески_Марјан Димиќ_Борис Јурмовски_Борко Георгиевод работен модел

Истата е позиционирана во пресечната-мртва  точка на пошироката околина. Од таа точка, од висина имате единствена можност да го набљудувате целиот забавен парк, стариот и новиот дел на градскиот парк како и зоолошката градина, како содржини на еден релаксирачки комплекс.

Победничко решение на конкурсот за Луна Парк_од 3д Модел 6 _Климент Патчев_Филип Конески_Марјан Димиќ_Борис Јурмовски_Борко Георгиевод работен модел

Размислувајќи за неискористеноста на потенцијалот на пошироката околина, се решаваме за дополнителен предлог за анимирање на две активности вон границите на забавниот парк.

Првата е воденото поврзување со каналната мрежа во Градскиот Парк. Целта е да се употреби истата за педалински сообраќај и рекреација, која е возможна преку поврзување со крак и подигнување на два моста. Таа траса е битна за да се стигне до големото езеро, поставено во центарот на паркот.

Победничко решение на конкурсот за Луна Парк_Монтажа 4_Климент Патчев_Филип Конески_Марјан Димиќ_Борис Јурмовски_Борко Георгиев

Втората активност е поврзана со возот, за кој предлагаме линијата на движење да продолжи низ целата површина на градскиот парк, овозможувајќи разглед и престој во „урбаната шума”

Значајно за овие две активности е тоа што тие еколошки не го загрозуваат паркот ниту уништуваат од постоечкиот флорален фонт, а учествуваат во негова анимација. Педалинките не користат горива, додека трасата на возот се оформува низ слободните површини, не наложувајќи сеча на вертикално зеленило.

Победничко решение на конкурсот за Луна Парк_Монтажа 2_Климент Патчев_Филип Конески_Марјан Димиќ_Борис Јурмовски_Борко Георгиев

Ваквиот парк и неговата реализација е возможна во етапи, притоа останува атрактивен и привлечен за посетители во континуитет во процесот на реализација. Со сигурност може да придонесе за  градската забава и туристичката понуда.

Сепак, Луна Парк е скопски бренд ,  нераскинлив дел од неговото живеење, но одамна  заборавен.  Да го возобновиме достоинствено!”

 

Победничко решение на конкурсот за Луна Парк_model_Климент Патчев_Филип Конески_Марјан Димиќ_Борис Јурмовски_Борко Георгиев

and the winner isтим

Автор на статија: