ДМ ентериер / Ива Димовска ,Стефан Матески

 

Автори: Ива Димовска (архитект), Стефан Матески (внетрешен дизајнер)

Година: 2015

Camera10

За сите љубители на ретро уредените катчиња, интересен мини стан кој освојува со деликатната топла визија во домот. На површина од скромни триесетина квадратни метри на поткровје се сместени сите функции кои отсликуваат еден млад, урбан пар. Иако ентериерот не е строго минамилистички уреден, се е внимателно смислено и поставено на вистинското место.

ModelModelПријатната дневна соба и компактната кујна се интегрирани како целина и создаваат хармонично катче за живеење, каде намените се одвоени преку употреба на различни материјали. Со елиминирање на ѕидовите како прегради меѓу просториите, обезбеден е дополнителен простор, а се создава чувство на пространост и отвореност во станот. Истовремено, овозможува креативна слобода при поврзување на двата простора, кујната и дневната соба, на посакуваниот начин.

ModelModel

Model

Шанкот е главниот елемент кој ги издвојува двата простора, а остатокот од станот ја има истата комбинација на стилови. Дрвото на подот и во изработката на мебелот ја сочинува основата во енетериерот, а разиграно е со колоритните акценти и ретро украси како впечатлив декор.

Camera06

Camera08

Со многу внимание се бирани деталите кои отсликуваат една млада урбана двојка, од грамофонот и плочите на полиците до џез постерите и велосипедот. Во мебелот преовладува неутрална палета на тонови, почнувајќи од малиот крзнен килим па се до класичниот удобен сив кауч.

Camera01

Сепак со изборот на перници и остатокот на декоративни финеси, вметнат е впечатлив контраст со интензивната жолта, сина и црвена боја, кои му даваат разигран и весел дух на просторот. За оваа намена помагаат и неодоливите графики на полиците во дневната соба , како и интересните винтиџ детали кои даваат свежина во модерниот дизајн.

Camera05

Вниманието најмногу го крадат впечатливите ѕидови: од живописната црвена во дневната соба, преку урбаните бетонски плочи на ѕидовите во ходникот до шарените плочки кои ја оживуваат малата кујна. Малата дрвена масичка преку целиот ден е опсипана со сончева светлина која прекрасно се рефлектира на црвениот ѕид зад гарнитурата.

Camera04

Со изобилството вградени шкафчиња во кујната, има доволно место за складирање на сите неопходни кујнски апарати, додека шарените ѕидни и подни плочки ја разигруваат инаку малата, но функционална кујна изработена од дрво и медијапан.

Camera03

Како целина, станот плени со стилот и оригиналниот дизајн, како и романтичната и лежерна атмосфера која е креирана во малото поткровје. Тоа може да ви даде совршена инспирација за пролетно преуредување и на вашиот дом.

Автор на статија: